Стевананџија: Откако СДСМ е на власт во „Еурокомпозит“ се случуваат чудни работи

На денешната седница на Собрание на Република Македонија, пратеникот од редовите на пратеничката група ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За подобра Македонија“, г. Димитар Стевананџија посочи дека како претставник на граѓаните од Општина Прилеп има морална и професионална одговорност да говори за решавањето на проблемот на „Еурокомпозит“.

Изненадување е зошто денес во овие клупи десно го нема вицепремиерот Кочо Анѓушев кој што е еден од најповиканите да дискутираат за оваа тема, запраша Стевананџија.

Стевананџија додаде дека повеќе од две ипол години вицепремиерот заедно со министерот Сугарески, и заедно со градоначалникот на општина Прилеп пробуваа но не успеаја да најдат крајно, конечно и добро решение за вработените во „Еурокопозит“.

За информација на македонската јавност овие три години откако СДСМ е на власт во оваа фирма се случуваат чудни работи. Сменети се повеќе од три директорски гарнитури. Првата директорска гарнитура беше донесена од Охрид и беше дел од еден навистина финансиски скандал кој што владата навремено се свести, направи промена. Потоа постави нов директор од Прилеп кој што за волја на вистината се уште се сомневаме дали добро ја извршувал таа работа. Ако извршувал добро не би бил сменет и тоа за неколку месеци, и да биде поставен трет раководен директор, појасни Стевананџија.

Стевананџија истакна дека би било добро да беше присутен Анѓушев и да објасни што се случува со „Еурокомпозит“ и што се им е ветувано на вработените.

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...