Што знае Боки 13, па Русковска и Заев се плашат од тоа за тој два месеци да не биде повикан на распит?

Соопштение до јавноста

Истекуваат два месеци откако Боки 13 е во притвор, а тој се уште не е повикан на распит. Што знае Боки 13, па Русковска и Заев се плашат од тоа!?

Единствено што ЈО прави е развлекување на истрагата за да биде заборавена во јавноста аферата Рекет.

ЈО молчи и за случајот објавен во медиумите, во кој се вели дека високи функционери на УБК со чувствителни материјали рекетирале бизнисмени. Тоа значи директно и на втора институција, после СЈО во незаконски дејствија.

За сето време Катица Јанева продолжува да командува со институцијата преку која го вршела кривичното дело. Несвојствено е ЈО за осомничен кој извршил такво дело да не побара одалечување од службата.

Русковска молчи и за наредбите на Јанева од притвор, која му командува на нејзиниот шеф Јовески, а се наоѓа зад решетки заради злоупотреба на службена положба и овластување. Апсурд до апсурд.

Ваков правен систем не постои никаде во светот. Ова не е право, туку циркус.

СДСМ не сака право. СДСМ сака криминалците да останат неказнети. СДСМ нема кредибилитет повеќе. СдСМ мора да си замине.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.