Одговори на новинарски прашања на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Одговори на новинарски прашања на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Дали финално веќе се завршени преговорите за законот за јавно обвинителство?

Одговор: Не, на крајот од состанокот практично ние ја исцрпевме првата точка од дневниот ред. Првата точка беше разговори околу законот за јавно обвинителство. На дневен ред беа уште неколку точки, меѓу кои и точката за предвремени избори. Во текот на вчерашниот ден практично ги констатиравме позициите, понудите од двете страни, за жал не успеавме да најдеме решение и состанокот го завршивме, дека доколку постои опција за понатамошни средби и двете страни стојат на располагање.

Прашање: Има ли опција за понатамошни средби? Оставате отворена врата исто како и премиерот дека би можеле повторно да се сретнете.

Одговор: Видете, јас ви ја говорам вистината и само вистината. Ме прашавте како заврши состанокот , колепката ваша се извинувам, и тоа е вистината дека на крајот од состанокот споменавме едната и другата страна дека оставаме простор во иднина да продолжат преговорите по оваа но и по другите теми како што е и впрочем предвремени парламентарни избори.

Прашање: Овде имам еден допис до ЈО, од обвинети од СЈО, бараат изземање на Катица Јанева и враќање на списите. ЈО во овој допис е прогласена за ненадлежна за преземање на предмети водени од СЈО, како иницијатираше г. Заев и можеби Јовевски, и како сега одеднаш да ги преземаат?

Одговор: Во оваа правна паника и какофонија што се случува изминатиот период се изнаслушавме се и сешто. Секој ден некој некого демантира со некаква изјава. Ова вие што го споменувате и јас сум го слушнал дека постои. И дека адвокатите на луѓето кои што се дел од предметите на СЈО се обратиле до ЈО за мислење за изземање на Катица Јанева од овие случаи.  И одговорот е дека Катица Јанева не е дел од хиеархијата на ЈО и дека тие не се надлежни да даваат такво мислење и ниту пак да преземаат било какви процесни дејства. Од друга страна Јовевски го гледаме дека издаде соопштение пред некој ден во кое што вели дека и се повикува на уставното начело, за едно обвинителство и субординација во рамките на тоа обвинителство. Нешто за што јас зборував во најмалку две прес конференции. Со тоа директно потврдува дека СЈО практично не е уставно обвинителство. За да во текот на вчерашниот ден го видиме претседателот на Советот на судии кој што вели дека се доведува под знак прашање начелното правно мислење на Врховниот суд на Република Македонија. Па ние ако вака си играме пиши – бриши со правото и правдината ќе ни се случува ова денеска што ни се случува, а тоа е погром во Македонија и празнина во Македонија затоа што луѓето се разочарани несигурни и не веруваат во правниот систем. Се додека имаме чипирани луѓе кои што по налог пишуваат документи, се себе демантираат или демантираат други ние ќе го имаме ова што денеска ни се случува, лажно ќе поставуваме дати ќе се сликаме лажно по авиони и ќе се обидеме на краток рок да добиеме некој политички пеон. Нашиот пристап е безусловно почитување на законите, безусловно почитување на Уставот и правда и правдина без исклучок за секого.

Прашање: Каде треба да завршат предметите од СЈО според вас? Го слушавме премиерот Заев кој што рече дека вие вчера на некој начин сте побарале амнестија за сите тие случаи. Дали во ова ново обвинителство треба да влезат и дел од предметите на СЈО?

Одговор: Еве дозволете категорични да кажам. Не, не е точно , тоа е дел од тие лаги и се обидов во оваа прес конференција да го образложам ставот на ВМРО-ДПМНЕ. Нас не ни треба закон за предметите за продолжат. И постоечкиот закон откако Јовевски ќе ги преземе предметите тој може да ги прераспредели на истите обвинители и тие да си продолжат. И ние тука  ниту можеме нити имаме право да бараме стопирање на истите. Затоа што тогаш би зборувале спротивно на законот. Ние бараме правда подеднаква за сите, односно целокупниот криминал кој што имаме индиции дека го направила оваа власт веќе трета година по ред да биде издржан. Негов беше предлогот, не наш, предлогот на Зоран Заев, ајде да формираме јавно обвинителство кое што ќе има надлежност преку овие 10 помошници на Катица Јанева за предметите на СЈО, ние велиме во ред,  гои прифаќаме тоа, но исто време и да гони предмети кои што се од коруптивни од именувани и избрани лица. И ние кога викаме добро ајде да видиме сега случајот Поткуп, случајот Глобал, Рекет,  а не тоа не важи, отсега па натаму.. Правото такво нешто не познава од сега па натаму.  Кога носите закон тој закон се однесува за сите кои што сториле криминал, а се избрани или именувани лица. Дали се тие Зоран Заев, Христијан Мицкоски, тоа го направиле 2008, 2010, 2015, тие мора да бидат опфатени. Не може со закон ние да кажете отсега па натаму тоа ќе важи, тоа што било претходно кај Русковска ќе оди. Не може или честито прифаќаме  ново обвинителство кое што ќе истражи се или да предметите од СЈО, ама и „Рекет 1“, „Рекет 2“, новите рекети кои што ќе дојдат затоа што имаме  многу луѓе кои што доаѓаат овдеека да пријават притисоци закани уцени за поткуп кои што немаат доверба во Јовевски и Русковска, затоа што знаат дека топа ќе заврши како во бубар, и чекаат еден ваков орган кај што објективно ќе се покрене истрага па ќе имаме „Рекет 2“, „Рекет 3“, „Рекет 5“ и така натаму. Тоа беше позицијата на Зоран Заев, ново обвинителство кое што ќе истражува од денеска па натаму, а се друго не важи.

Прашање: Да се формира едно обвинителство кое што ќе го води обвинител на предлог на опозицијата да ги истражува предметите на СЈО, бидејќи предметите на СЈО се функционери на опозицијата?

Одговор: Јас не го предложив тоа, јас ви кажувам што предложи Зоран Заев. Зоран Заев тоа го предложи и вие ме прашувате дали е тоа проблематично. Претпоставувам тој ќе треба да ви одговори. Денеска и да немаме закон теоретски да не се донесе закон, јавниот обвинител Јовевски тоа што го зборувавме ние цело време ќе ги преземе предметите од СЈО и обвинителите кои што ќе се вратат во матичните обвинителства може да им ги прераспредели тие обвинителства. Никој не го спречува во тоа, ниту јас, ниту Зоран Заев, ниту опозиција ниту власт. Тоа е негово законско право и ние тоа го зборувавме, тоа е принципот уставен на едно обвинителство и принципот на субординација. Никој не го спречува тоа. Зоран Заев го предложи ова ново обвинителство, не јас. И вие ме прашувате дали е тоа проблематично.

Прашање: Дали побаравте Вие новото обвинителство чиј обвинител би дошол на ваш предлог да ги преземе сите предмети затоа што господинот Заев тоа го нагласи дека тоа е ваше главно барање, дали сакате да ги ставите под своја контрола. Сега има две вистини, една е Вашата и другата е на Заев. Дали мислите дека ќе ви поверуваат ако во вашиот тим имате човек кој е обвинет од СЈО?

Одговор: Па, од спротивната страна имаме човек кој е аболициран и обвинет за корупција како градоначалник. Ние треба да преговараме со него? Тој е премиер на оваа држава. Епа ако така тргнеме, ако правиме таква аналогија требаше да станам и да му речам ти си кримос и да си напуштам средбата. Ако ме прашувате тоа е одговорот на вашето прашање. А да се вратам на вашето прво прашање, еве ќе ви одговорам и на тоа ваше прашање. Јас не го предложив тоа обвинителство, Зоран Заев го предложи. И Зоран Заев предложи овие десет обвинители кои што се помошници на Катица Јанева, кои што не знаеме но, има индиции дека исто така со рачињата биле во медот, да бидат дел од ова ново обвинителство. Јас не го предложив тоа. Тој го предложи тоа. И немаме проблем тоа да биде така.

Прашање: Дали Вие баравте предметите на СЈО да ги преземе тоа ново обвинителство?

Одговор: Ние не баравме, Зоран Заев тоа го предложи и ние го прифативме. Не го баравме ние тоа. Заев предложи формирање на обвинителство за висока корупција кое што ќе биде на исто ниво како обвинителството за висок криминал и висока корупција, а обвинителот да го предложи најголемата опозициона партија. И овие десетмина помошници на Катица Јанева да бидат заедно со случаевите од СЈО инкорпорирани во рамките на тоа обвинителство, без притоа да се почитува законот за обвинители кој што треба практично советот за обвинители да предложи кои обвинители би требало да работат таму. И ние рековме во ред, твој е предлогот вреди да се разговара и го прифаќаме. Ајде сега да ја видиме методологијата. Негов беше предлогот, а не наш. Ние имавме предлог договор начелен кој што веќе беше на 30ти август договорен, кој што тогаш го прифатија од преговарачката екипа на СДСМ, а другиот ден веќе во саботата и понеделникот измислувајќи некакви небулози од минатото го растурија практично преговарачкиот процес.

Прашање: Случајот Рашковски или после него има уште десетици такви случаеви. Никој нема случај до сега отворено ЈО каде што има сериозна истрага притвори или слично. Сега ќе се спасат сите они после ова?

Одговор: Тоа е барањето на Заев. Амнестија за сите. Тоа е барањето за амнестија. Тоа е барањето на Зоран Заев. Тоа беше барањето што вчера доведе до таа фаза ние да немаме договор. Ако Зоран Заев го прифатеше новото обвинителство кое што практично ќе го раководи предлог на најголемата опозициска партија, се позанимава со корупцијата на сите именувани изборни лица без разлика од која партија доаѓаат, без разлика на времето кога го сториле тој криминал, ние денеска ќе имавме договор. Зоран Заев рече не, од денеска па натаму ќе важи. Е тоа не може.

Прашање: Околу истрагите, дали сте согласни истрагите и предистрагите на СЈО да преминат во рацете на Јовевски?

Одговор: Еве и на тоа ќе ви дадам одговор веднаш и да немаме договор и да нема нов закон, што ги спречува денеска помошниците на притвореничката да ги достават тие материјали до Јовевски. По кој закон се они спречени, можат веднаш да ги достават и тоа веќе еднашка се има случено за предметот Шпански скали каде што СЈО констатирало дека нема случај, а Вилма Русковска стави во притвор бидејќи доби чипирана нарачка, 11 лица во приотвор 90 дена меѓу кои и член на ИК на партијата и член на ЦК на партијата. Што ги спречува сега да ги однесат?

Прашање: Не не ги спречува ништо, дали вие сте согласни со тоа?

Одговор: Видете ние сега не сме психијатри па дали сме согласни или не сме согласни, се знае тоа како е.

Прашање: Дали сте согласни сите истраги после 30 јуни 2017-тата година да прекинат сите постапки кои се однесуваат на СЈО?

Одговор: Видете ниту тогаш ниту сега ние не зборувавме за прекинување на постапките. Туку ние зборувавме за нелегален тужител кој што ја злоупотребил својата положба и отпочнал постапки. Тој направил некакви дејствија. Кој го спречува тие дејствија да ги предаде до надлежен обвинител и надлежен обвинител да констатира дали има индиции за сторен криминал? И постојниот закон не ги спречува. Кој ги спречува? Зошто е потребно ние да кажеме да се согласуваме? Почитуваме закон или не почитуваме. Ние не бараме селективна правда.

Прашање: Во преговорите треба да се согласите за да има договор.

Одговор: Ама ние се согласуваме да се почитува законот еве ние се согласуваме да се почитува законот и тоа беше начело.

Прашање: Добро господине Мицкоски зошто мислите дека едно вакво решение кое ќе биде пандан на СЈО може да донесе нешто добро, односно да ја врати правната држава? Видовме СЈО го договоривте пак вие 4 партии и на крај што излезе.

Одговор: Напротив јас не мислам дека тоа може да биде договор кој што ќе донесе право и правдина во државата. Напротив јас не мислам, јас тоа го кажав и на самиот почеток на оваа прес конференција, тоа го кажав и вчера за време на преговорите, безусловно почитување на правото, само така може граѓаните во Македонија да ја вратат вербата во правната држава. Се додека ние имаме чипирани обвинители, судии кои што по нарачка прават дејства, до тогаш ние нема да имаме правда. Ниту правна држава, ниту граѓаните ќе имаат доверба во правната држава.

Прашање: Господнине Мицкоски имајќи ги во предвид  актуелните позиции вашите и на власта за законот можен ли е договор на 15 септември и што доколку законот не се донесе во предвидениот рок.

Одговор: Договор е можен во секој момент доколку постои волја од страна на Зоран Заев да не го заштитува криминалот кој што го прават трета година по ред кога ќе сфатат дека не треба да го заштитуваат криминалот кога ќе треба да се позанимава обвинителот по овие искази кои што луѓето ги даваат по овие вештачења кои што имаат пределени докази во постапката ние ќе имаме договор. Дали ќе имаме до 15 не знам тоа не зависи од нас или ќе имаме договор базиран на право закон и принцип или договор ќе нема.

Прашање: Господнине Мицкоски дали е точно дека притисокот Русковска по секоја цена да биде шефица на новото  обвинителство од страна на Зоран Заев не ме викнаа да го прашам еве вас ви го поставувам прашањето. Дали е точно дека снимките кои што се доставени има снимени разговори од Зоран Заев чија содржина е сериозна? Дали од тоа се плаши па заради тоа притиска Русковска да биде на чело.

Одговор: Ќе се обидам да одговорам на вашето прашање со мој личен впечаток од вчерашната средба. Во еден момент Зоран Заев рече а па вие ќе не потрупате со обвиненија ако ова го прифатиме. Човек што е сигурен во својата чесност, честитост законито работење нема таква изјава да даде.

Прашање: Вчера премиерот Зоран Заев рече дека  за вас не било прифатливо бомбите да бидат докази во  предметите. Дали прифаќате или не?

Одговор: Не напротив предлогот од Владата е бомбите да не бидат докази туку да бидат индиции и тоа замислете за периодот од 2008 до 2015 но мислам дека тоа е интер – владин договор на коалиционите партнери во владата. Ние вака рековме, зошто да ставаме 2008-2015 еве нека бидат сите нелегално стекнати материјали без разлика кога се стекнати индиција за сторен криминал. Можеби ние имаме материјали од сега нелегално снимени кои што упатуваат кон сторен криминал. Зошто да биде 2008 и 2015 зошто да биде да го ограничуваме идниот обвинител. Нека биде и 2016, 2019 па и 2025 нека биде тоа права линија зашто да биде полуотсечка или отсечка. Они сакаат да биде отсечка од 2008 до 2015, ние велиме еве од 2008 па натаму права линија нека нема крај и почеток. Права линија. Секој материјал нелегално стекнат кој што упатува кон криминал да биде истражен од обвинител. И не само за политичари.

 

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...