Денес на очиглед на целата македонска јавност власта ја спаси осомничената Катица Јанева од разрешување

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Денес на очиглед на целата македонска јавност власта ја спаси осомничената Катица Јанева од разрешување.

На денешниот предлог од страна на ВМРО-ДПМНЕ, да се стави на дневен ред како прва точка, разрешувањето на осомничената специјалната обвинителка Катица Јанева, парламентарното мнозинство предводено од СДСМ го одби овој наш предлог, со што се стави на страната на заштита на Јанева.

Ова покажува дека нашите сомневања за координација и синхронизација помеѓу Катица Јанева, Владата на Зоран Заев, обвинителката Вилма Рускоска и државниот јавен обвинител Љубомир Јовески се дел од планот за спас на Катица Јанева и високи функционери од државниот врв.

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ денеска наместо на страната на правдата застана во одбрана на криминалот и рекетот.

Дали заштитата на Катица Јанева од страна на СДСМ и Зоран Заев е индиректно заштита на високи функционери на власта кои што учествувале во оваа најголема досега криминална афера со оглед на тоа дека Катица Јанева има информации кои што ќе ја докаже вмешаноста на државниот врв во аферата „Рекет“.

Со гласањето против да се стави точката за разрешување на Катица Јанева на дневен ред падна маската на СДСМ дека се за правда и дека законите важат за сите подеднакво. Денес, покажаа и уште подлабко го поткопаа правниот систем на Република Македонија и дека единствено што ги интересира е како да се амнестираат за сопствените криминали.

За да запре ова самоволие и уништување на правната држава од страна на Зоран Заев и СДСМ, го повикуваме господинот Талат Џафери, денес да закаже итна седница на која што единствена точка на дневен ред ќе биде разрешувањето на специјалната обвинителка Катица Јанева со оглед на тоа дека оваа точка веќе помина со едногласна одлука за разрешување на Комисијата за прашања за изборите и именувањата.

Апелираме до господинот Џафери, СДСМ и пратениците од парламентарното мнозинство да престанат со тактизирање и глумење на борци за правда и правна држава и уште денес осомничената Катица Јанева да биде разрешена од нејзината функција за да може да се остави простор до 15 септември да се избере нов специјален обвинител.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...