Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје: Крокодилските солзи на милионерчето Шилегов за скопската пожарна се лажни, еве ја вистината

Почитувани,

Во интерес на вистината и фактите, Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на град Скопје го истакнува следново:

Навистина е дрзок и безобразен обидот на Петре Шилегов на грбот на пожарникарите да печали политички поени и да ги вплеткува во дневна политичка пресметка.

Неговите крокодилски солзи за пожарникарите се лажни.

Додека милионерчето Шилегов од неговата хациенда во Маврово пишуваше статус за тоа што направил за пожарникарите во Скопје, изнесе куп лаги и манипулации, а вистината е следна:

  1. За време на мандатот на ВМРО-ДПМНЕ од 2009 до 2017 година,пожарникарите го добија своето место со измена на законот за пожарникарство ,со што се стекнаа со назив професионален пожарникар спасител и влегоа во групата на овластени службени лица од областа на безбедноста.

Исто така со потпишаниот колективен договор на ниво на Град Скопје, беа загарантирани сите социјални стекнати права на вработените во Бригадата, a за разлика од ова, Шилегов формираше паралелен синдикат со кој да внесе раздор и неединство помеѓу пожарникарите со цел да се обезвреднат докажаните професионални кадри

  1. Опремата со која Шилегов се фалеше е набавена во време на ВМРО-ДПМНЕ. Опрема (80 комплети) за гасење пожар, последен пат се набавени во 2009 година. Работна униформа е купена во 2014 година. Возилата, без оние 2 кои се донација од Владата во 2007 година, се е купено во 2005 година.

А во периодот од 2009- 2017 година е сработено следново:

  1. Набавено специјално навално противпожарно возило МАН со средства обезбедени само од Градот Скопје, и за жал се уште е единственото вакво противпожарно возило во Република Македонија;
  2. 4 специјални противпожарни возила ДАФ од владата на Република Македонија во соработка со Градот Скопје;
  3. 1 специјално шумско противпожарно возило БРЕМАЧ и 1 специјално противпожарно возило ТОЈОТА од владата на Република Македонија во соработка со Градот Скопје;
  4. 1 Командно возило Дачија Дастер и неколку теренски возила Лада Нива;
  5. 2 моторни професионални чамци со комплет опрема за спасување на вода;
  6. Изградена нова кула за тренинг и обука на пожарникарите за спасување од височина;
  7. Набавен симулатор за пламени удари за обука на пожарникарите во реални услови;
  8. Набавка на нова најсовремена дигитална телекомуникациска опрема тетра и истата е компактабилна со МВР за полесна комуникација на цела територија во Република Македонија;
  9. Набавка на разгласен систем;
  10. Набавена 90 комплета на професионална заштитана опрема за пожари во урбана средина и 240 комплета за шумски пожари;
  11. Набавена работна униформа 280 парчиња;
  12. Набавени во неколку наврати зимски и летни чизми за сите вработени;
  13. За првпат беа набавени и професионални противпожарни чизми за шумски пожари на сите вработени;
  14. Набавени ПП рачни апарати, специјални метли и грбни пумпи за гасење на пожари на отворен простор;
  15. Набавени 250 парчиња лична опрема за заштита од дожд;
  16. Во 2017 година изграден е за првпат после 35 години нов најсовремен противпожарен центар во Ѓорче Петров, како и после повеќе од 30 години експлотација за прв пат Комплетно реновирани (санитарни јазли, канцеларии, кујни, мебел, душеци и постелнина во сместувачките капацитети, информатичка опрема, клима уреди, ПВЦ прозори и врати итн) се останатите подцентри Тафталиџе, Битпазар, Драчево и Автокоманда со што се подобрени условите за вработените во единицата.
  17. Заменети се противпожарните врати на гаражите во центар Автокоманда, подцентар Тафталиџе и подцентар Битпазар;
  18. Набавка на 6 професионални пумпи за вадење на вода, 4 со голем капацитет од 9.000м3 во минута и 2 специјални противпожарни пумпи;
  19. Набавени 3 сета на хидрауличен алат за интервенции од сообраќајни незгоди од кој едниот е единствен батериски преносен алат во државата,
  20. За првпат набавена и единствена во Р. Македонија професионална противпожарна Термо камера за пребарување и спасување од зачаден простор;
  21. Набавка на 250 професионални противпожарни шлемови и подкапи со батериски ламби за секој вработен;
  22. Обезбедена донација од европски проект за обука на пожарникарите од радициона, хемиска, биолошка и нуклеарна заштита во вредност од 82.000.00 евра;
  23. Набавена професионална фитнес опрема (теретана) за вежбање на пожарникарите, кои беа физички подготвувани од професор по физичка култура кој Шилегов го избрка од работа;
  24. Кадровски беше зајакната единицата со вработување на 55 нови пожарникари;
  25. Обезбедена е донација на противпожарна опрема од збратимениот град Нирнберг,СР Германија. Станува збор за 120 изолациони апарати за дишење (DREGER) на нормален притисок, 100 маски за дишење (AUER3S), 30 изолациони апарати за дишење (DREGER PA 94), 80 композитни шишиња од 6,9 литри на 300 бари, 450 челични шишиња за притисок од 300 бари, како и 300 звучни апарати за предупредување опасност од смрт;
  26. На 26 јануари 2017 со одлука на советот на Град Скопје донесена е одлука за набавка на 2 специјални противпожарни возила и истата постапка беше веднаш прекината со доаѓањето на Шилегов за градоначалник, а досега ќе беа набавени и во функција за граѓаните. На истата таа седница советот донесе и одлука за набавка на 25 изолациони дишни апарати со кои сега Шилегов се удира во гради.

2 години Шилегов, 2 години лаги, криминал и неспособност.

И за на крај, наместо мудрување, Шилегов нека се откаже од удобствата за набавка на нови службени возила и Владата од милионската набавка на цвеќиња и екибани, и со истите средства нека ги пошумат опожарените места.

Дури и милионерчето Шилегов ќе се согласи дека средствата за доопремување на пожарната се минорни во споредба со откажувањето на набавка на нови службени коли и милионските цветни аранжмани на владата.

 

 Со почит,
Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...