Јанушев: Власта не ја интересира СЈО, туку механизмите за политички притисок

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во својата објава на Фејсбук вели дека Македонија не смее да си дозволи повторување на уште една Катица Јанева.

-Операцијата на власта за спасување на сопствениот криминал ќе удри во ѕид, порано или подоцна, а вистината ќе се знае. Власта не ја интересира СЈО, колку што ја интересираат механизмите за политички притисок. И да не ја замајуваат јавноста, не се они потресени за добивање на правда зошто на секој чекор сеат неправда, туку се потресени поради тоа што се ближи смената на власт по која ќе мораат да се соочат со законот и со своите постапки, пишува Јанушев.

Генералниот секретар посочува и дека вечер ќе се отвори и прашањето за предвремени извори.

-Заев во едно пишано интервју вели дека води над 3 проценти, во ред, нека верува во лажни анкети наменети за храбрење на своите редови, јас ќе верувам во народот, и ако е така тогаш верувам нема да му пречи да распише избори. А, на изборите народот ќе си дојде по своето и ги чека пораз, и тоа голем и убедлив, додава тој.

 

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...