Александар Николоски на средба со италијанскиот европратеник Марко Зони

Денес во рамки на посетата на Брисел се сретнав со Марко Зани- Пратеник во Европскиот Парламент од партијата „Лега“ на Матео Салвини од Италија. Марко Зани е член на највисокото раководство на „Лега“ на Салвини, а во исто време и Претседател на групата „ Идентитет и Демократија“ – политичка група во Европскиот Парламент која брои 73 пратеници во Европскиот Парламент. Со господинот Зани Зборувавме за воспоставување соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Лега како политички партии, како и за потесна соработка помеѓу Македонија и Италија. На средбата го информирав господин Зани за актуелните случувања во Македонија, назадувањето на економијата, корупцијата, состојбата со владеењето на правото, како и предизвиците со кои Македонија се соочува.  Зборувавме за стратешкиот приоритет за интерграција на Македонија во Европската Унија. Исто така зборувавме за неопходноста од одржување предвремени избори и во Италија и во Македонија на кои граѓаните ќе го кажат своето мислење каде треба да се движи политиката и кој да ги води. На средбата заклучивме да ја продлабочиме соработката во следниот период и да оствариме партиски посети на Италија како и возвратна на Македонија, напиша на Фејсбук, Александар Николоски.

 

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...