Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје: Шилегов вработил над 1.000 партиски војници за две години, додека претпријатијата бележат загуби

Соопштение до јавноста

Почитувани,

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје посочува дека градоначалникот Петре Шилегов ја пренатрупува градската администрација со неквалификувани партиски кадри, нови вработувања кои се платени со парите на граѓаните.

Неформалните бројки говорат дека Шилегов за две години вработил над 1.000 партиски војници во Град Скопје и неговите јавни претпријатија.

Над 1.000 партиски војници Шилегов вработил за цели две години, додека претпријатијата бележат загуби. Се случува вистинско девастирање и уништување на градските претпријатија.

Голем дел од овие кадри се неквалификувани за работните позиции, и не ги исполнуваат законските одредби, за што страдаат квалификувани кадри кои не ја добиваат шансата за ново работно место.

Дополнително Петре Шилегов ветуваше мала и стручна администрација, но од овие ветувања нема ништо.

Јавните претпријатија станаа партиско дувло за членови на СДСМ и главен извор за непотизам.

Две години Петре Шилегов, две години неспособност, стагнација и криминали.

 

 

 

  Со почит,
Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...