Пратениците на СДСМ не знаат што се случува и што се работи во Собранието на Република Македонија.

Соопштение до јавноста – реакција на прес конференцијата на Бетиане Китев

Очигледно пратениците на СДСМ не знаат што се случува и што се работи во Собранието на Република Македонија.

Со денешната прес конференција пратеникот на СДСМ, Бетиане Китев покажа дека пратениците од парламентарното мнозинство ниту се интересираат, ниту се информираат за процедурите и постапките во Собранието.

Наместо да ја прочита напишаната прес конференција, пратеникот можеше да се обрати во комисијата и да добие повеќе инофмрации.

Процедурата за избор на членови на Програмскиот совет на МРТ и Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизулени медиумски услуги е во тек.

Секојдневно се одвиваат консултации и официјални средби со државни органи,  со експерти, медиумски асоцијации, новинарски здруженија, како и со полиитчките партии во Собранието.

Процедурата не е блокирана и се одвива на најтранспарентен начин.

Го повикуваме пратеникот Бетиане Китев, наместо напразно да обвинува, доколку е заинтересиран да се обрати до Комисијата за прашања за изборите и именувањата и да се вклучи во процесот.

 

                                                                                                                                                                                  Со почит,

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...