Одговори на новинарски прашања на Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Одговори на новинарски прашања на Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Господнине Николоски вакви исти белешки односно барања за демант стигнаа и до мене лично од господинот Зоран Заев ,  од Фросина Ременски и од Јовче Ременски , како и вас јас им одговорив дека нема да се извинам и дека ќе се бранам сам.  Но ме интересира друго дали ВМРОДПМНЕ ќе покрене некаква активност можеби пријава против обвинителката Русковска, против обвинителот Јовевски и против Зоран Заев, против Фросина Ременски кои што тврдеа велеа дека не се споменати во ниту еден исказ а еве гледаме веќе цела недела секој ден има по еден нов политичар на распит на основа на исказите на   пријавителот?

Одговор: Јас кажав дека основната цел на ова што го прави Зоран Заев демантирајќи се само себе затоа што на 4-ти Април кажа дека го советувал брат му да ја повлече тужбата за клевета кон мене , основната цел е да ја заплаши јавноста , и мислам дека доколку поднесуваат тужби за клевета кон новинари и кон политичари на опозиција јавноста ќе престане да зборува за ова. Мислам дека контра ефект ќе им се случи , јавноста ќе зборува уште повеќе. Од друга страна ние сме политичка партија и наша работа е јавно да ги обзнануваме нашите сознанија не да одиме по судови и по обвинителства да се тужиме и да се обвинуваме со Заев или со било кој од власта туку јавно да дебатираме во демократскиот простор кој што ни е на располагање . Ова е само уште еден доказ за тоталитарниот менталитет на оваа власт но се надевам дека народот брзо ќе го препознае и на брзи предвремени избори ќе го порази.

Прашање: Дали постои надеж за договор за Специјалното јавно обвинителство по вчерашното писмо на Катица Јанева со кој предметите  се префрлаат од СЈО во Јавното обвинителство?

Одговор: Два дела има прво по однос на законот после и по однос на писмото  ќе искоментирам. Прво по однос на законот работните групи работат интензивно ние имаме наши позиции СДСМ имаат нивни позиции има џентлменски договор помеѓу двете работни групи се до оној момент додека немаат конечен исход да не излегуваат своја изјави во јавност но ние се надеваме дека ќе бидат испочитувани нашите аргументи кои се во рамките на Уставот на Република Македонија  и на постојните законски прописи и дека ќе има законско решение кое што нема во иднина да создава проблеми туку ќе носи решенија за борба против криминал и корупција. Во однос на писмото кое што вчера било испратено тоа е уште еден доказ за прво координираноста, помеѓу власта и СЈО и второ за паниката во која што се зафатени затоа што ова е без преседан во македонскиот правосуден систем и мислам дека секој дополнителен коментар е излишен да лице кое што е обвинето за најтешки злоупотреби и кое што е во постапка на формално разрешување во моментов испраќа писма за работата за кое е обвинето, затоа што ова лице е обвинето токму за работата на Специјалното јавно обвинителство, во најмала рака е скандал и мислам дека ако малце држат од јавното обвинителство до себе и до својот морал и чест, воопшто не треба да влезат во никаква комуникација со ова лице, затоа што тоа лице токму тие го гонат, односно во моментот го истражуваат за да поднесат обвинение кон истото.

Прашање: Може ли ова писмо да влијае на преговорите затоа што Тони Менкиноски вчера изјави дека можат да бидат загрозени и да биде загрозен и самиот ефект на преговорите?

Одговор: Мислам дека она што може да влијае е односот на СДСМ. Ако СДСМ е искрен и сака да има договор со опозицијата, тогаш мислам дека можеме да постигнеме договор. Ако СДСМ оди со игри, како што е ова писмо, како што е тужбата на Зоран Заев кон мене за клевета, тогаш секако дека нема да има договор и логично се поставува прашање која е нивната цел и ќе видиме во следниве денови.

Прашање: Доколку нема договор дали за вас е прифатливо СЈО да продолжи со работа?

Одговор: Доколку нема договор за нас е прифатливо да се почитува законост за специјалното јавно обвинителство, кој што е многу јасен.

Прашање: А, тоа значи?

Одговор: Законот за различни работи предвидува различна работа. Доколку е разрешена обвинителката значи дека е разрешена. Доколку не е, тоа е веќе друга ситуација, но значи да се почитува законот ваков каков што е сега.

Прашање: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека нема да се обезбеди двотретинско мнозинство и дека нема да се потпише нов договор по теркот на Пржино. Што значи тоа?

Одговор: Она што го кажал јас не би имал што да додадам. Мислам дека државата на граѓаните им е преку глава од такви договори кои после наместо да создаваат решенија создаваат дополнителни проблеми. Во рамки на собранието треба да се издискутира секоја работа како што треба да се издискутира и оваа. Ако можат да се согласат политичките партии, а со тоа и политичките групи – одлично, ако не, ништо тоа е демократија, но тие пракси од минатото треба да ги оставиме позади себе.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...