Јаулески: Петти ден продолжува агонијата на студентите, надлежните се уште без списоци за примени студенти во домовите

Уште пред 5 дена студентите требаше да се сретнат со новите фитнес сали, библиотеки, реновирани студентски домови ветени од власта и Каевски и да почнат со користење, и учење. Но, наместо тоа, затекнаа: скратени 125 милиони денари за реконструкција на студентски домови, и без официјални списоци за примени студенти во веќе руинираните.
Внимавајте, петти ден агонијата на студентите продолжува, петти ден господата од МОН не можат ниту една excel табела да направат во која би се утврдило кои се примени, а кои не. Не можат или селектираат подобни/неподобни, односно членови на СДММ или не. Нека не ве чуди, СДС навлезе во секоја пора од општеството, па така и кај студентите.
Сѐ уште нема резултати, а студентите се веќе дојдени за полагање на септемвриската сесија.
Денес е четврток, 05.09, а сеуште нема список за сместување во студентските домови. Утре е петок, традиционално ден кога студентите се враќаат дома, така да колеги пред среда, идната недела, не очекувајте некој да помрдне со прст за вашето сместување.
Ивана, Стефан, Дарко вашата партија која е на власт остави на улица 4000 студенти. Одговорност?

P. S. И вторник е работен ден ама се на продолжен викенд.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...