Во Македонија, со Заев се развива само криминалот

Шефот на кримално-рекетарскиот картел на СДСМ – Зоран Заев, кој истовремено е и премиер, тврди дека буџетот ќе остане развоен, односно се водело сметка за развојната компонента?!

Заев исто така се “пофали” дека ова е чесен ребаланс на буџетот!?!

“Чесно” е тоа што се предвидени дополнителни 13 милиони евра за Фондот за пензиско осигурување и за зголемување на платите за 5% во јавниот сектор и 6.5 милиони евра со кои ќе се субвенционираат сите фирми што ќе ги покачат платите до 100 евра, при што истите ќе плаќаат само персоналец, а Владата ќе ги подмири придонесите, иако експертите тврдат дека на овој начин им се помага на оние што работеле нелегално!
Се удира шамар на сите оние кои работеле чесно, без гаранција дека 100те евра нема од сметката на вработените да завршат на раката на работодавачот. Познавачите велат ова е мерка за компаниите на Заеви.

Но, што може да се очекува од еден аболициран криминалец? Освен, нели, да им помага на “своите”?!?

“Развојно” е огромното кратење на капиталните инвестиции за 50 милиони евра. По катастрофалната реализација на капиталните проекти од само 24.5% во првите 7 месеци, сега истите се кратат од 420 на 370 милиони евра. Помалку пари ќе има за железницата, патниот Коридор 10, руралниот развој, водоснабдувањето, за изградба на основни училишта, за универзитетот „Мајка Тереза“.

“Развојно” е тоа што реалниот БДП во последен квартал на 2018 споредено со прввиот квартал од 2019 година е паднат за 211 милиони евра.

Околу 70 милиони евра субвенции од последните неколку години се уште не се исплатени. Не се исплатени ниту дополнителните мерки кои им беа ветувани на земјоделците.

Странските директни инвестиции бележат пад од 84.2%, односно од 310 милиони евра се паднати на 49 милиони евра, за периодот јануари-јуни оваа година во однос на лани.

Во Македонија, со Заев се развива само криминалот.

#Оставка
#ПредвремениПарламентарниИзбори

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...