Дали Шекеринска и Димитров информираа дека вкупната сума на изрекетирани средства од бизнисмените се 20 милиони евра?

Читам за средбите на Радмила Шекеринска и Никола Димитров во Блед. Според нивните соопштенија кратки, според она што го видовме ,,од нога”. Но како и да е добро е што имале средби со повеќе дипломати вклучувајќи го и специјалниот преставник на САД за Балканот Метју Палмер, како и номинираниот за Висок преставник на ЕУ за надворешна политика Жозеп Борел. Во име на отчетноста еве неколку прашања за Шекеринска и Димитров на кои како владините преставници должат одговор пред македонската јавност: дали Шекеринска кога станало збор за правната држава, ги информираше соговорниците за поклонот чевли од брендот Louboutin дадени од првоосомничениот во случајот Рекет? Кои биле темите на разговор на полноќните сеанси во домот на еден од првоосмничените во случајот Рекет за што и тој самиот се пофали во еден од емитуваните разговори? Дали можеби на тие сеанси се фалела Шекеринска, за според Заев, добиениот датум за преговори уште пред една година, или пак сепак се осврнала стратешки на таа куфер политика?
Димитров би го запрашал дали можеби ги информирал дека во Македонија нема ниту една постапка против висок функционер на власта иако се потопени во криминал и корупција?
Дали ги запозна дека тој лично како Министер за надворешни бил информиран за рекетот врз македонски бизнисмени од најмалку еден странски амбасадор но решил за тоа да молчи и нити да ја информира јавноста, нити обвинителството.
Дали Шекеринска и Димитров информираа дека цела јавност говори дека ова не е рекетарска шема на оние кои се обвинети туку тие се само извршители, зашто нив никој ни денар не би им дал ако над нив не е целиот врв на СДСМ и власта? И конечно дали информираа Шекеринска и Димитров дека вкупната сума на изрекетирани средства од бизнисмените е фантастични 20 милиони евра?
Додека ги чекаме одговорите, знам и подржувам дека треба низ една транспарентна и независна постапка раветлување на случаите поднесени од СЈО, исто како што треба расветлување и одговорност на сите инволвирани во сите случаи на криминал на власта на Зоран Заев!

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...