Почетокот на школската година заради неспособната и расипничка власт на Заев е обележан со неизвесност, штрајкови, притисоци

Соопштение до јавноста

Наместо почетокот на учебната година да биде свечен ден, ден кој ќе го паметат сите првачиња и нивните родители, почетокот на школската година заради неспособната и расипничка власт на Зоран Заев е обележан со неизвесност, штрајкови, притисоци.

Пораката што ја добиваат сите ученици во основните и средните училишта, нивните родители, роднини, но и студенти кои својата иднина ја гледаат во образовниот процес е дека Македонија е загубена држава со корумпирана власт која не може да обезбеди ниту минимални услови за пристоен живот.

Пораката која Заев ја испраќа до нив е дека тој има време за рекет, за прием на трговци со марихуана, за наместени тендери но не и за решавање на проблемите во образованието.

Заев испраќа порака дека ако треба ќе продава и име и идентитет за да остане на власт но нема намера да обезбеди пристојни плати за наставниците, ниту пристојни училишта и училници за учениците.

Власта ветуваше нови училишта и инвестиции во образованието. Но ништо од тоа нема. Две години училиштето во Башино Село, велешко стои руинирано, нефункционално, иста е ситуацијата и со училиштето „Страшо Пинџур“ во Карбинци, во субстандардни услови учат и учениците во училиштето „Димитар Македонски“ во Лисиче, за сите овие училишта власта ветуваше дека ќе ги реновира, но три години веќе со прст нема мрднато.

Ситуацијата во образованието никогаш не била полоша. СДСМ нанесува само штета. СДСМ мора да си замине за работите во образованието да тргнат на подобро.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...