Одговор на новинарско прашање на Владо Мисајловски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Одговор на новинарско прашање на Владо Мисајловски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Во врска со Законот за јавно обвинителство, до каде сте со тоа бидејќи преговорите во моментов се закочени, имате ли некој алтернативен план?

Одговор: Ние сме сериозна партија не сме како Заев и Владата на Заев постојано да кажуваме алтернативи или некои свои патчиња како да стигне до неправдата, односно да се заштитат самите себеси. Ние бараме принципи да има во овие преговори во она што ќе се донесе како нов Закон. Јас можам да кажам дека работните групи постојано се гледаат и уште се гледаат, иако процедурите поминуваат веќе во Собрание. Има доста амандмани кои се таму доставени и кои треба сите да се разгледуваат, ако сакаме да имаме добар Закон и ако сакаме да работиме за реформи во Република Македонија не ни требаат хибридни закони. Според мене, мое лично мислење да кажам е дека нас ни требаат цели институции. Ние законите треба да ги носиме како да ги унапредиме институциите, а не да гледаме како да градиме политички, некои задни намери како што го прави тоа СДСМ кој ни кажуваат дека ако не поминеме на овој или на оној начин, они имале план Б. Значи веднаш може да видиме дека они имаат своја интрига тука. Затоа уште еднаш ги охрабрувам сите чинители во политиката, сите политички партии да работиме на подобри демократски закони, европски принципи, на европски вредности. А, не како што го гледаме ова специјално јавни обвинители да се гонат за рекет. А, не да гледаме тимовите на тие специјални јавни обвинители дека се замешани во една од најголемите афери во Република Македонија. Нас ни требаат солидни институции, нас ни треба владеење на правдата, и правдата навистина да биде за секој еден. Мора правда да има, мора и затоа бараме да има не само добри преговори туку и да има европски вредности. И тоа што ќе договориме за законите утре да се почитува, а да не биде само да се донесе закон за да утре повторно да има прогон врз опозицијата, повторно да си имаат свое обвинителство СДСМ каде што ќе може да прават нови притвори, да осомничуваат нови луѓе и истраги само за да ВМРО-ДПМНЕ и гледаме и цела јавност гледа како најголемиот скандал во Република Македонија, а тоа е „Рекет“ како поминува. Да оставиме времето да покаже што ќе се случува во наредниот период доколку се има чиста мисла и стварно сите сакаат да има добар закон, односно да имаме стварно добри закони тогаш навистина треба да ги прифатат забелешките на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...