МОН и Студентскиот центар се уште ги немаат објавено списоците со примени студенти за вселување по студентски домови

Интегрален текст од изјава за медиуми на Јован Јаулески, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Денеска официјално требаше да почне вселувањето на студентите во студентските домови на територија на Град Скопје. Како што гледате не само што вселувањето не е почнато, туку МОН и Студентскиот центар се уште ги немаат објавени списоците за примени студенти.

МОН и Студентски центар, иако со конкурс сами се обврзаа дека списокот на примени студенти ќе биде објавен на 30 август, тоа го немаат направено. И три дена потоа ни трага, ни глас.

Очигледно Дарио Николовски беше презафатен со вработувањето на брат му во МВР, за што побрза да објави и слики на социјалните мрежи, а студентите ги стави во втор план.

Драги студенти

Брат му на Дарио важно е вработен во МВР и ќе зема плата од  македонските даночни обврзници, од вас и од вашите родители, а за тоа што вие нема кај да спиете во екот на септемвриската испитна сесија за власта очигледно и не е толку важно.

Над 4.000 студенти нема кај да се сместат и останаа на улица.

Власта доцни со сместувањето и за тоа некој треба да сноси одговорност. Особено што ваквиот случај со СДСМ стана пракса. Со списоците се доцнеше и лани.

Власта е неспособна да изврши најобично сместување на студентите.

Дали со ова се потврдуваат сомнежите на студентите дека со доцнењето на списоците всушност се чекаат партиските списоци за тоа кој треба да биде примен, а кој не?

МОН и Студентски центар мора најитно да одговорат. Кога ќе им биде обезбедено легло на студентите за да не мора во текот на септемвриската сесија да патуваат секојдневно од своите краишта!?

Време е да преземете одговорност за вашата неспособност! Одговорност мора да има!

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...