Ѓорчев: Демографскиот пад е шокантни 1.200 бебиња помалку, а Заев, Царовска и Филипче имаат историска одговорност

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Влатко Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Оваа прес конференција е посветена на демографските податоци преку емпириски бројки за жал поразително биолошкото изумирање на Македонија затоа што Македонија буквално се иселува празни и исчезнува како никогаш досега.

Почитувани на почетокот би сакал да ви кажам неколку тажни бројки, а после тоа ќе одиме на тоа што се нарекува коментар прашања и прозивања на Зоран Заев и неговата влада со 28 министри.

Почитувани присутни Македонија исчезнува и се иселува како никогаш досега. Ако ги погледнеме сумарните податоци на првите 6 месеци согласно заводот за статистика на Република Македонија ќе дојдеме до поразителен заклучок дека никогаш во првата половина на годината 70 години наназад во Македонија не се родиле помалку бебиња. Ако ги видиме првиот и вториот квартал доаѓаме до бројката од 9.248 родени деца оваа 2019 година. Минатата година беа родени 10.415 деца.

Оваа 2019 година владата на Заев со неговите 28 министри со нивните катастрофални демографски, социјални, економски, инвестициони и секакви други политики доведе да имаме 9,248 родени деца. Тоа е фрапантен пад, рецесија од 12 проценти, 1.200 помалце родени бебиња само во една година. Тоа е катастрофа за која треба да има одговорност.

Да Зоран Заев, Мила Царовска и Венко Филипче имаат историска одговорност за ова одумирање на Македонија кое ни се случува пред очи, никогаш не било полошо. Емпириски одкако има статистика и бројки во Македонија.

1,200 бебиња помалку, рецесија од 12 проценти. Ако тоа го поделите на паралелки во кои има дваесетина ученици а за жал имаме паралелки кај што имаме 3,4,5,7,8 или 10 ученици ако тоа го поделите 1.200 на 20 ученици доаѓаме до 60 паралелки помалку. Тоа е болно. Тоа е тажно. 60 паралелки помалце само во 6 месеци. Затоа Зоран Заев, Венко Филипче, Мила Царовска имаат историска одговорност, го укинаа надоместокот за трето дете, ги укина еден куп бенефиции кои што ги имаа многудетните семејства. Секој ден работат со своето бркање на инвеститори за ова држава да има помалку луѓе.

Си заминуваат сите. Си заминуваат и Македонците и Албанците и Турците и Србите, Бошњаците и Власите. Се иселува источна Македонија, се иселува и западна Македонија. Се иселува Скопје, се иселува Пелагонија, секој си заминува од овој Заевистан во кој што нема никакви нови фабтики, нема никакви нови инвестиции, туку има само рекет и арамилак.

Почитувани,

Би сакал да направам и една паралела  со 2015 година, последната година кога пред да имаме пржински влади и сдсмовски министри, пред да го имаме овој Армагедон кој што ни се случува, во таа 2015 година во првите два квартали од јануари од јули имавме родени 11.444 бебиња, а оваа Македонија падна од 11.444 бебиња на 9.248 оваа 2019 година.  За смао 4 години 20% рецесија, за само 4 години 2.200 помалце родени деца. Тоа е 110 паралелки, кои да треба да ги поминувате една по една, ако секоја од тие  е 10 метри, тоа е 1 километар и 100 метри, треба да оди човек, десетина минути да се пешачи за да се поминат тие празни училници кои што ги изгубивме овие 4 години со катастрофалните политики на Заев, Венко Филипче и Мила Царовска.

Најлош резултат откако има статистика во Македонија. Оваа година за прв пат како што одат првите два квартали, Македонија ќе падне под 20.000 родени деца.

Доаѓа почетокот на учебната година и гледате дека речиси и да нема училиште во кое што нема недостаток на деца. Се затвораат паралелки, се затвораат училишта, се прават распореди за тоа да се ублажи или анулира.

Но поразителниот факт е јасен, а тоа е дека Република Македонија со овие мерки на Зоран Заев и неговите 28 министри буквално снемува луѓе. Речиси и да нема семејство каде што не се дискутира за иселување, емпириски докажано почитувани присутни.

Македонија буквално исчезнува, со демографските, економските и сите останати политики на Зоран Заев, Мила Царовска и Венко Филипче, падот во првите 6 месеци е од фрапантни 1200 помалку бебиња, помалку дури од најлошата година 2018.Бројките се навистина катастрофални и преку овие бројки се докажува емпириски дека Зоран Заев, Мила Царовска и Венко Филипче имаат историска одгвоорност во упостушовањето на Македонија. Со овие нивни политики Македонија станува празна земја, со овие нивни политики имаме училита без ученици, општини без граѓани, села и градови без народ.

Молчи Заев, молчат министрите затоа што нема што да кажат.И онаа потрошена парола за живот во Македонија, се претвори во парола за живот во Германија, за живот во Шведска, за живот во Канада. Нема човек што не сака да бега и да се спаси од овој таканаречен живот на Зоран Заев и неговите 28 министри.

 

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.