Затуроска до Заев: Не треба да ни читате кратки биографии на новите министри, туку да ни објасните што точно ќе прават

Доколку бевте искрен во своите намери премиере Заев, и тоа кон нас пратениците и кон граѓаните, наместо читање кратки биографии, требаше да ни кажете зошто баш тој кандидат за тоа место. Или на пример, како вашиот кандидат Ангеловска планира да ја извлече Македонија од оваа ситуација? Нас ни треба да слушнеме објаснување како би се реализаирала одредена политика, рече Лилјана Затуроска пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на седницата за избор на новите министри предложени од премиерот Заев.

Конкретно говорејќи за кандидатот за финаснии Нина Ангеловска, Затуроска рече дека Заев треба да објасни за многу политики што се планирани од страна на новата министерка за финансии.

-Премиере требаше да ни кажете за нејзината визија, како планира да го менаџира Буџетот, не слушнав какви мерки, стратегии планира за да ја стопита вашата намера за задолжување на државата. Потоа треба да слушнеме какви мерки ќе преземе за странски инвестии, пишува во кратката биографија дека ќе овозможи младите да ги задржи во земјава, но не кажа со кои мерки. Не е мерка ако на своите вработени им плаќа 12.500 денари. Тогаш ова не е мерка за задржување на младите, рече Затуроска.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...