Заев се плаши од соочување со народот, а се плаши зошто знае дека ќе изгуби

Зоран Заев и СДСМ се против предвремени избори, а најрано според нив може да бидат во октомври 2020 година. Исто така, за избори ќе зборувале откако ќе завршел НАТО самитот во декември оваа година во Лондон од причина што евентуалните избори и разговори да не го нарушат овој процес.

Прво, Зоран Заев се плаши од соочување со народот, а се плаши зошто знае дека ќе изгуби, а ќе изгуби зошто државата тоне во криминал, неправди и понижувања приредени од кастата на власт!

Второ, бидејќи се Парламентарни избори, а согласно Закон, мора да има техничка влада 100 дена пред одржувањето на изборите.
Значи, утре да се формира техничката влада изборите најрано би се одржале на 15 декември!

За делот каде Заев и криминално-рекетарската банда на СДСМ зборува во насока да се дадело шанса на економските мерки што се преземаат, за да им се даде време и да се почувствуваат резултатите – нема потреба од било каков коментар.
Само еден збор е доволен – НЕСПОСОБНИ!

Ако сте толку убедени дека имате барем теоретска шанса да победите – бујрум на избори – сега, веднаш! 😉

П.С. – а, да се кладиме дека ќе има предвремени избори? М?

#Оставка
#ПредвремениПарламентарниИзбори

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...