Стевананџија: За владата на Заев ќе кажам „Естрада во влада, жива циркузијада“

Димитар Стевананџија, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница во своето обраќање рече дека резимето на денешната седница би гласело „Естрада во влада, жива циркузијада“.

-Со нов актер од пред неколку дена или што би рекол господнот Жбогар имаме нов „биг брадер“ сега имаме „биг Мајк“ со вистинско име Мајкл Штрауметис или Дон марихуана. За жал за оваа посета наместо да дознаеме од Заев, од министерот за економија, од Венко Филипче или па од министерката Зорица Апостоловска која што не ги знае инвестициитево Република Македонија, дознаваме од големиот Мајк, истакна пратеникот Стевананџија.

Во своето обраќање, пратеникот Стеванаџија рече дека: „Само во Република Македонија може да се фалиме дека блескаме кога пензионерите добиваат покачување од 36 денари, просветарите добиваат плата од 21.600, кога земјодлеците не знаат кој крај да го фатат, кога доктор во Дебар зема 15.000 денари плата, кога министерот не ги знае инвестициите коишто дошле во Република Македонија, кога во земја каде градоначалник набавува автобус за 250 000 евра, а истито во Белгија е 150 000 евра“.

-Ако овие работи кои ги наведов, премиере, ме убедите дека се вредни да се пофалиме дека блескаме тогаш јас навистина можеби би ви дал поддршка на младите министри кои што ги предлагате во овој чин којшто мислам дека е конечниот завршеток на циркузијадата којашто е наречена Република Македонија 2019 , додаде тој.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...