Наместо рамномерен регионален развој во Македонија има рамномерен регионален арамилок и рекетарство

Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Горан Милевски

Почитувани,

Со оваа влада граѓаните ниту видоа централна, ниту видоа локална власт!

Откако почнаа да чувствуваат дека забрзано итаат кон провалијата кон која бездруго го водат и народот, почнаа да ги зголемуваат ветувањата, мислејќи дека народот повторно ќе подлегне на нивниот лажен популизам.

За потсетување е дека истиот СДСМ кој сега ветува измени во Законот за рамномерен регионален развој, ја уништи локалната самоуправа со Законот за територијална организација од 2004 година.

Исто така, за потсетување е дека во 2018 година со ребалансот се намалија парите од 5,3 на 3,2 милиони денари, по што неминовно ни се наметува логичното прашање дали и оваа година ќе ги намалат средствата, а само декларативно ќе зборуваат за Рамномерен регионален развој, без конкретни чекори во насока на подобрување на условите во регионоите?

Оттука, постојано си ги поставуваме и прашањата: до кога СДСМ ќе си поигрува со интелектуалниот капацитет на граѓаните, до кога СДСМ ќе смета дека народот има помнење на златна рипка и до кога ќе не убедуваат дека блескаме, мислејќи дека народот заслепен од нивниот блесок не гледа што му се случува пред очи?!

Милионите потрошени за лични интереси требаше да бидат за ветените проекти кои ќе значат поквалитетен живот за сите, но сите сме сведоци дека нема ништо од тоа и дека сè си останува само на хартија, оптеретено со најпознатиот владин предзнак ЌЕ!

Денес, свесно или несвесно, Министерот Милевски призна дека, цитираме,

„досега за рамномерниот развој и правичното финасирање Министерставата не водеа доволно сметка“ (завршен цитат), но очекувал од сега да почнат да водат сметка. Во таа насока, го потсетуваме Министерот Горан Милевски дека ЌЕ не е решение, изразуваме надеж, очекуваме, предвидуваме… – не е решение!

Денес, кога СДСМ е на крај од својот мандат, повторно ветува некои идни решенија и закони од кои граѓаните на оваа држава никако да ги почувствуват резултатите или бенефитот.

И додека и понатаму се нудат „блескави“ политики и решенија, Закони за препишани од Европски држави кои никако да се имплементираат, народот наместо Рамномерен регионален развој го чувствува Рамномерниот регионален арамилок и рекетарство, каде што секој регион си има свои Зоки, Поки, Боки, Кики, Фрики, Шеки…

Наместо денес Министерот да отвара половично реализирани проекти, требаше да ја отвара најавената Регионална фабрика за преработка на отпад.

Дали зголемениот буџет кој се најавува за регионален развој, повторно и повторно ќе значи идно задолжување на Република Македонија и граѓаните со нови кредити?

Ако нивниот лидер Заев се раководи од неговото основно начело ветувам-негирам-заборавам, ние сме тука за да го потсетиме на нивната крајна безидејнот, со која не само што не одиме напред, туку и назадуваме со брзина на неговиот познат – квантен скок!

Господа од СДСМ, ако не сте способни правилно да менаџирате со оваа држава, повлечете се и препуштете им ја работата на оние кои знаат како да го реализираат ветеното и на оние кои докажаа дека приоритет им е подобрувањето на животот на граѓаните, без чочеци, туку со конкретна работа, затоа што она што им е најважно е задоволството кое ќе го почувствува граѓанинот.

Престанете и понатаму да го применувате тој дегутантен и коруптивен образец при што граѓаните ги третирате како неписмена маса која копнее за своите стотина метри асфалт и не разбира која ви е играта во позадина! Разберете веќе еднаш дека граѓаните препознаваат кога се изиграни!

Почитувани, за крај, единствено што ни останува е да апелираме до граѓаните – Бидете без грижа, се ќе биде во ред!….затоа што на времето на лажни ветувања и предизборни манипулации му доаѓа крајот и доаѓа време на модерни политичари кои со вистинската реализација на проектите широко ќе ја отворат вратата на ЕУ, каде што ќе владеат законите и европските стандарди во корист на сите граѓани на оваа држава!

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...