Мицевски: Не е потребна смена на неколку министри, туку оставка на премиерот, оваа Влада секој ден повеќе тоне во својот неуспех

После вакви афери и скандали во кои што се замешни и во кои се споменуваат највисоки владини функционери, во европските демократски држави паѓаат влади и се даваат оставки, а кај нас нашата влада прави реконструкција, истакна денес Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

-Денеска во Собранието на Република Македонија не треба да дискутираме за реконструкција на рекетарската влада, денеска во Собранието треба да дискутираме за распуштање на Собранието и за организирање на предвремени парламентарни избори. Рекетарската влада на чело со Зоран Заев одамна го загуби кредибилитетот и легитимитетот пред граѓаните. Не е потребна смена на неколку министри, туку оставка на премиерот Зоран Заев. Оваа Влада секој ден се повеќе и повеќе тоне во својот неуспех. Ниту една реконструкција нема да ги испере Зоран Заев и СДСМ од рекетирањето, скадалите и аферите во кој што се заплеткани. Ниту една тужба и закана кон новинарите и ниту еден акциски план против слободата на говорот нема да ви помогне да ги сокриете криминалот и рекетот, истакна тој.

Мицевски оценува дека аферата „Рекет“ е најдобра слика за состојбата во државата и во правосудството.

-Оваа афера најдобро покажува како работи и функционира оваа Влада на чело со Зоран Заев. Граѓаните на Македонија имаа можност да видат како работела и функционирала добро организирана група на луѓе која вклучува луѓе од блиското опркужување на премиерот со цел рекет на бизнисмени и изнуда на пари. Под превезот на „НЕМА ПРАВДА НЕМА МИР“ Зоран Заев и СДСМ дојдоа на власт и ветуваа дека ќе донесат правда во Македонија спроведувајќи реформи во правсудството. Дополнително со аферата „Рекет“ им дадовме одлична причина на сите оние држави кои што беа против датум за почеток на преговорите да останат на своите ставови, истакна координаторот на пратеничката група.

Тој оценува дека доколку постоеа и најмали, минимални шанси Република Македонија да ги започне преговори со ЕУ, сега и тие се загубени.

-Преку секојдневните афери и скандали, Владата и Зоран Заев ја оцрнуваат и понижуваат Република Македонија пред странските политичари, дипломатите, странските инвеститори и бизнисмени и целокупната домашна и меѓународна јавност.  После вакви афери и скандали во кои што се замешни и во кои се споменуваат највисоки владини функционери, во европските демократски држави паѓаат влади и се даваат оставки, а кај нас нашата влада прави реконструкција, порача тој.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...