Илиоски: Реализацијата на капиталните инвестиции е убедливо најниска годинава, како може економијата да блеска?

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски од собраниската говорница му реплицираше на премиерот Зоран Заев за време на дебатата за новите предлог министри на Владата.

Имено Заев во повеќе наврати истакна дека македонската економија блеска, на што Илиоски му реплицираше со поразителните економски показатели во првите 7 месеци од годината, поточно реализацијата на капитаалните инвестиции.

-Во вашиот говор употребивте големи зборови за иднината на оваа наша земја, рековте економијата оди во одличен правец, рековте економијата блеска. Очигледно господине Заев или живееме во различни светови, или живееме во различни држави. Како може една економија да блеска ако од превидените капитални инвестиции кои што вие ги предвидовте вие ги запишавте во ваш предлог. Од 422 милиони евра за оваа година за овие 7 месеци реализиравте 100 милиони евра. Или наназад гледано, ако се споредат овие 7 месеци наназад во годините, убедливо најмала реализација, малку поголем ода мината година. Како можете да кажете дека економијата блеска, во што блеска? Врз основа на што блеска? Може да блеска ако вие направите нешто, вели Зоран Илиоски.

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...