За аферата Рекет потребна е кривична но и политичка одговорност

Интегрален текст од изјава за медиуми, Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Би сакал на сите верници од православна вероисповед да им го честитам овој голем празник Голема Богородица. На секаде низ Македонија масовно се прославува народот одржува една силна традиција. Денес сме тука во Раштак заедно со месните жители и со сето население од целата околина и околните села да го прославиме празникот. Им посакувам на сите верници добро здравје, бериќет и како што гледате во добра атмосвера ќе се подружиме со луѓето. Луѓето постојано ни ги кажуваат проблемите со кои се соочуваат економското опустошување на државата националното обезличување, навистина се загрижени за тоа и тука сме да поразговараме да им кажеме дека промените доаѓаат брзо, oбновата на Македонија доаѓа брзо и за многу кратко време заеднички ќе ги менуваме овие работи.

Прашање од новинар: Дали поради сите случки кои се одвиваа претходно, а и сега во случајот Рекет влијаат на легитимитиетот, легалитетот и  правноста врз нашата држава?

Одговор на Александар Николовски: Oва е најголемиот корупциски скандал кој Македонија го видела. Јас малце испитував, нити во Македонија нити во регионот досега не сме виделе на видео или на слика торба полна со пари. Тоа првпат се случува во историјата на Македонија и на регионот што само говори за колкави размери на корупција зборуваме. Во исто време некаде пред две недели споменав дека вкупната сума на побарани и изрекетирани средства надминува 20 милиони евра. Досега никој ова не го демантираше што значи дека е рекетиран повеќе од еден бизнисмен, рекетирани се многу бизнисмени и побарани се многу пари. Тоа е операција која не може да ја завршат еден или двајца луѓе. Тоа е операција која е добро осмислена од врвот на СДСМ координирана лично од Зоран Заев и понатака управувана од целата држава затоа е потребна и кривична но и политичка одговорност. Кривична не може да остане на овие тројца сега мора да се прошири да бидат опфатени сите, а политичка значи оставка на владата час поскоро и организација на брзи предвремени избори кои што ќе ја ослободат Македонија од корупцијата, а на судството и обвинителството ќе дадат можност да работат независно за да можат транспарентно да го откријат секој што бил инволвиран во овој скандал затоа  што овој скандал ја поткопува Македонија. Никој веќе не сака да инвестира во Македонија бизнисмените се плашат затоа што им е страв дека некој моќник од власта пак ќе ги побара и ќе им побара мито односно рекет.

Прашање од новинар: Од самиот почеток како почнаа да се одвиваат работите со случајот рекет се остава впечаток како да се игнорира случајот дали тоа е поради преголемата вмешаност на политичарите и дали ќе продолжи уште игнориањето?

Одговор на Александар Николовски: Апсолутно, значи оваа афера првпат индиции се пријавени во обвинителството на почеток на мај еве сме на крај на август скоро и да нема никаква разрешница што значи дека власта се обидува да ги менаџира овие работи и веројатно да не би била пријавена во обвинителството никој нема да ја изтражува и да излезеа тие снимки кои излегоа во јавноста веројатно немаше да се преземат никакви дополнителни активности за откривање на овој случај што само говори дека власта само скаше да го заташка овој случај и дека само заради јавниот притисок прават нешто но ова што го прават е далеку од она што требаше да го биде. Рекетирани се многу бизнисмени сумата надминува 20 милиони евра за тоа не може да бидат одговорни само тројца луѓе.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...
Најгоре