Втор ден молк од МЗШВ и Владата во врска со 65 – те милиони евра долгот во Програмата за финансиска поддршка

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Цветан Трипуновски – Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Втор ден молк од МЗШВ и Владата на Република Македонија во врска со 65 – те милиони евра долг во Програмата за финансиска поддршка за земјоделците. Финансиска поддршка која се уште земјоделците ја чекаат. Земјоделците се уште ги чекаат субвенциите кои што им значат приход, и им значат егзистенција за семејства.

Додека земјоделците чекаат исплата на субвенции, откупот и пласманот е катастрофално лош. Земјоделецот е оставен без никакви средства за егзистенција, а власта наместо да им помогне им се заканува и ги заплашува земјоделците, кои што си ги бараат ветените и заслужени субвенции.

Ситуацијата е алармантна. Заев не успеа да ги исплати ниту редовните субвенции, ниту дополнителните мерки кои што требаше да ја ублажат загубата која што ја претрпуваат земјоделците од цела Република Македонија.

Нема ништо од дополнителнителната субвенција од 1 денар која што им ја ветија на лозарите од Тиквешијата, 3 – те денари на јаболкарите од ресенско се уште ги чекаат, производителите на познатата пиперка ајварка се уште си ги чекаат своите 3 – те денари по килограм продаден род, исто како и сливарите од повеќе региони во државата, оризарите од кочанскиот регион се уште ги чекаат ветените 5 денари за продаден килограм ориз, исто така и мелничарите, млеко производителите, сточарите, и сите други земјоделци се излажани од оваа власт си ги чекаат редовните и дополнителните субвенции.

Веќе три години земјоделците се соочуваат со намалени приходи и егзистенција која што е под знак прашалник. Откуп нема, кога го има цените се ниски, а субвенциите не се исплаќаат.

Господине Заев како мислите дека земјоделците може да преживеат со своите семејства? Дали знаете дека земјоделците не го продаваат својот род, напротив го предаваат, се со цел да обезбедат минимални средства за егзистенција на своите семејства.

Господине Заев ги донесовте до питачки стап земјоделците, а за тоа ќе одговарате пред граѓаните на наредните предвремени парламентарни избори. Затоа истите треба да се случат час поскоро, затоа  што е потребна обнова на Македонија.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...