Стојаноски: Повторно го прашуваме Филипче, и стерилизацијата ли ќе биде неуспешен проект

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Синиша Стојаноски, претседател на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Додека во континуитет во јавноста се пласира тезата дека во сите сегменти на здравствениот сектор „транспарентно” се работи и се бележат т.н. замислени „грандиозни” успеси, реалната слика, за жал, се чини дека е сосема поинаква.

Фактите укажуваат на нешто друго. А, кога веќе зборуваме со факти, тука не постои ниту најмала шанса или можност да дозволиме да се изманипулура јавноста за едно вака круцијално важно и осетливо прашање.

Имено, поставуваме прашање до министерството за здравство дали единственото нешто што реално се случува во здравствениот сектор е обид за уште еден вид на нетранспарентна и во најмала рака сомнителна и некредибилна приватизација на носечки сегменти од јавното здравство?

Дали се планира и дали де факто веќе се случува приватизација налик на онаа од транзициониот период на деведесеттите, што беше карактеристична за владеењето на СДСМ?

Јавноста има право да добие одговор на ова навидум едноставно, но истовремено многу важно прашање.

Што всушност се крие зад параванот на последната тендерска постапка на министерството за здравство и реализацијата на приватизација на сегментот  на стерилизацијата во јавните здравствени институции?

Почитувани, замислете, тоа го нарекуваат, „Интегрирано менаџирање со иновативни решенија за хируршки зафати и здравствена заштита од болнички инфекции”.

Но, за што всушност станува збор. Што реално се крие зад оваа мелозвучна горенаведена формулација?

Дали станува збор за вовед во приватизација на сегментот од стерилизацијата на хируршките сали, опремата и инструментите во сите здравствени институции во Република Македонија? Повторно премногу поставени дали, а премалку добиени искрени и транспарентни одговори.

Министре Филипче, јавно Ве прашуваме дали деновиве сте го доделиле процесот на стерилизација на опремата и хируршките инструменти на компанија за која постојат судски процеси во една од соседните земји?!

Да Ве потсетиме, ВМРО-ДПМНЕ реагираше и ви укажуваше на истата тема и во месец јуни кога тендерот сеуште беше во тек, тогаш дури и беше посочено која компанија ќе биде фаворизирана. Истите прашања се за жал и денес актуелни, но ни тогаш, а ниту сега кога веќе ја донесовте одлуката, широката јавност не ги добива потребните одговори.

Како прво, дали истата фирма за која сте одлучиле да ја добие контролата врз стерилизацијата во Република Македонија, во соседна Република Албанија ја води хемодијализата? Дали тамошните медиуми жестоко јавуваа и информираа за најблаго кажано сомнителен процес што го следат истражни постапки пред надлежните институции, а поврзани со работата на истата фирма? Дали во истите тие судски процеси е инволвиран дури и тамошниот министер? Како, второ, како и на кој начин е добиен тендерот, односно дали ќе ни објасните кои се критриумите и што поточно се оценувало кај фирмата за да истата го добие тендерот?

Министре, дали свесно ја продавате стерилизацијата, односно сржта на медицината? Дали треба да ве потсетиме на принципите на асепса и антисепса? Вие тоа би требало добро да го знаете.

Како и дали е возможно приватна фирма да набавува хируршки инструменти, облека за лицата кои влегуваат во операциона сала, да врши дезинсфекција на операциони сали и да води грижа за медицинскиот отпад.

Прашуваме јавно со кои референци? Со кое искуство? Со кој бонитет?

Се работи за клучот во успешноста на хирургијата и медицината. Дали овој клуч, од јавното здравство така лесно го давате во раце на приватна компанија? Што беше проблемот со стерилизацијата до сега? Дали имате факти кои говорат против сегашното функционирање на стерилизацијата? Повелете кажете ни ги јавно.

Уште едно актуелно прашање. Ако приватник се грижи за стерилизацијата, дали приватната компанија или некој друг ќе биде одговорен, доколку се појави инфекција?! Кој тогаш ќе ја сноси тогаш одговорноста за појавата на интрахоспиталните инфекции?

Одговори мора да има. Дали зад Вас веќе имавте неуспешен обид за приватизација на биохемиските лаборатории во целата држава? Одговорете.

Дали на големо го најавувавте јавно приватно партнерство во детската кардиохирургија? Па видовме што се сличи во оваа област.

Премногу премногу нејаснотии Ве следат.

А, да не почнеме со анализата на тоа колку така наречени физибилити студии кои и нарачавте и најавивте чинеа! Колку ги чинеше сето тоа граѓаните? Имате ли финансиска анализа?

И не заборавајте, на власт сте повеќе од две години, а велите цитирам: Ќе стартуваме со проектот па ќе видиме како ќе оди понатаму“. Кога понатаму?! Нема време за експерименти. Се работи за здравјето на граѓаните.

Дали од ден на ден, се покажува само едно нешто? Дали владата на СДСМ и министерството за здравство имаат планови само за богатење на поединци под закрила на терминологијата јавно приватно партнерство?

Време е да се стави крај на ваквото однесување и ваквото владеење.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...