Стојаноска: Ветувањето за гостиварскиот здравствен дом дека ќе се реновира е само уште една од футуристичките најави на СДСМ

Дафина Стојаноска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница рече дека еве трета година по ред како планот за живот којшто го ветуваше СДСМ е невозможен за реализација.

-Тоа што пред некој ден министерот за здраство, Филипче промовираше пешачка патека за пациентите од специјализираната болница во Лешок е далеко од она што го имате од вашиот план за живот.И тоашто министерот Филипче започна агенда со посети по здравствените домови и болниците ширум државата нем да доведе ниту до 100.000 денари плата за лекарите , ниту подобри услуги за пациентите или подобри условии за работа на здраствените работници, истакна пратеничката Стојаноска. Таа посочи дека наместо пред некој ден министерот Филипче да се фотографира со вработените во здравствениот дом во Гостивар зад затворени врати , подобро ќе беше да се прошета во чекалните на гостиварската болница или по болничките амбуланти и да направи средба и фотографија со незадоволните пацинети. И убаво ќе беше да ја фотографира министерот старата таканаречена жолта зграда во кругот на болничкиот двор во Гостивар во којашто функционира центарот за јавно здравје како и голем број на општи лекари, концесионери во здраствениот дом Гостивар. Таа зграда ако само однадвор ја погледнете личи на едно напуштено здание, а не на зграда во којашто секојдневно се услужуваат и прегледуваат пацинети, кажа пратеничката.

Стојаноска потсети дека ветувањето за гостиварскиот здравствен дом дека ќе се реновира е само уште една од футуристичките најави на СДСМ. -Само да издвоите мал дел од сумата на тендерите склучени набрзина и со огромни износи ние досега ќе имавме реновирано здраство .

Со само мал дел од овие тендери досега ќе ја имавме и катната гаража во склоп на клиничкиот центар. Денес пред неколку часа по порталите излезе вест за подготовка на уште еден наместен тендер во најава кој се однесува за околу 1300 болнички кревети и којшто е повтоно така подготвен што уште името на фирмата добавувач да стои на него , додаде пратеничката.

Таа во своето обраќање му порача на министерот Филипче дека подобро ќе биде да седне со својот тим и да види што од досега ветеното е реализирано.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...