Одговор на новинарско прашање на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Одговор на новинарско прашање на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Вас ве обвинуваат за кочењето на донесување на Законот за јавно обвинителство во Собранието и во склоп на разговорите во работните групи. Како вие го толкувате тоа?

Одговор: Видете веќе имаше и нашиот партиски претставник во телото  за преговарање пратеникот, Антонио Милошоски изјава денес во текот на денот кадешто малку подетално ги објасни сите оние наши барања и тези кои ни се поставени. Од она околу кочењето можам само да кажам дека единствен којшто во моментот  го кочи законот и не ги прифаќа нашите предлози, сугестии е само СДСМ, Заев и Рената Дескоска. Бидејќи какошто знаете  тие го кочат се со една цел, а тоа е да си донесат  закон по нивна мера, закон којшто подоцна ќе треба да ги амнестира нив како едни од главните актери во целиот криминал којшто се прави во моментов во Владата. Еве на праг сме повторно да видиме дека они имаат намера да го злоупотребат европското знаменце, се како што реков само со една цел. Да не ги прифатат барањата на ВМРО-ДПМНЕ коишто се објективни и во интерес на законот, граѓаните и правдата односно неселективната правда, а да си донесат закон којшто утре ќе треба да ги амнестира за целиот овој криминал којшто во моментов може да се види дека го прават.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...