Кики, Фрики шетаат со куфери рекетирани пари, а функционери на опозицијата се изложени на тортура

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Повеќе од два месеци, Димитар Димовски и Дејан Митески, функционери на ВМРО-ДПМНЕ, член на извршниот и член на централниот комитет, се притворени, а не знаат зошто? Службеничката во министерството на Сугаревски, Анета Јорданова е притворена, а додека други седум осомничени се дома. Бараме одговор, дали е точно дека решенијата за оние кои што се во притвор и за оние кои што се дома се 100% исти, освен во мерката притвор за тројца, а за останатите е определена поблага мерка според законот за кривична постапка?

Почитувани,

Судот наскоро ќе одлучува за трето определување на притвор, трета одлука за 30 дневна мерка, а до сега се уште како обвинети тројцата не се посетени од Јавен обвинител и немаат дадено исказ пред Јавен обвинител! Луѓето се уште официјално не знаат зошто се притворени.

Па, колку време треба да бидат држени како заложници гласноговорници на опозицијата, за да се задоволи хирот на власта за политички прогон врз политички неистомисленици? Ова ли е отвореното судство како пупка на Зоран Заев? Ваква ли неселективна правда се спроведува? Од една страна после не цели две недели Морина, гонет со меѓународна потерница за воени злосторства беше ослободен од притвор, а луѓе без никакво дело и криминално досие, со месеци се држат во притвор.

Кики, Фрики, Шеки, Зоки Поки шетаат со куфери рекетирани пари, а функционери на опозицијата се изложени на тортура. Спротивно на конвенцијата за човекови права, се уште судот не дава наредба да му се укаже побараната медицинска помош на Димитар Димовски. Да потсетиме, судот цела недела не дава наредба за тој да се спроведе до лекар – невролог. Ова влегува во делот на тортура вршена од страна на судот. За споредба, Боки Тредичи, миленикот, пуленот на власта, посредникот на рушветот на државната мафија, веднаш беше развозуван низ скопските клиники!

Почитувани,

Притворот не е казна, туку мерка осомничените да не ја осуетат постапката, која во овој случај е целосно непотребна и неаргументирана. Судот мора да се одважи и да почне да одлучува врз основа на закон и докази. Ниту постои можност за повторување на делото, ниту постои можност за влијание на сведоци, ниту постои можност за бегство. Накусо, доколку се носи правна, а не политичка пресуда, судот мора да ги ослободи од притвор осомничените.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...