Сите проекти во областа на инфраструктурата се проeкти на ВМРО-ДПМНЕ кои СДСМ успеа само да ги закочи

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ

Единствено нешто што направи оваа влада е што успеа со ора и чочеци да го пушти патниот правец Демир Капија-Смоквица, кој целосно беше направен од претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Сите проекти во областа на инфраструктурата се проeкти на ВМРО-ДПМНЕ кои СДСМ успеа само да ги закочи.

Автопатот Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид, исто како и експресните патишта Градско-Дреново,  Штип-Радовиш, Штип- Кочани и Ранковце – Крива Паланка се проекти на ВМРО-ДПМНЕ, кои во различна фаза на реализација беа оставени за дореализација. СДСМ наместо да продолжи три години ја развлекуваше нивната изградба.

Граѓаните сето ова го увидоa и знаат дека СДСМ не работи ништо.

Ниту еден граѓанин во државата не гледа ниту метар од новите 500 километри автопат којшто СДСМ ги вети.

Мора да се стави крај на овие лаги и манипулации од страна на СДСМ. Оваа Влада на СДСМ мора веднаш да си замине од власт.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...