Записникот од исказот на еден од сведоците во случајот Рекет потврдува дека Заев ја попречувал истрагата за случајот

Соопштение до јавноста

Зоран Заев е повторно фатен во криминал. Секој ден се повеќе се гледа неговата улога во рекет. Со секој изминат ден се потврдува дека тој е главата на криминалниот октопод.

Записникот од исказот на еден од сведоците во случајот Рекет потврдува дека Заев ја попречувал истрагата за случајот, со тоа што  второосомничениот Зоран Милевски го известил дека сведокот го пријавил рекетот во обвинителството. Заев не само што лажеше дека прв го пријавил случајот, туку и застанал на патот на правдата и на страна на рекетарите.

Овој исказ е доволен Заев да биде повикан на распит во обвинителството. Аболицираниот Заев е на чело на оваа рекетарска банда, единственото прашање кое остана неодговорено е колкав дел од колачот земал тој, односно колку милиони од скапите чанти завршиле во неговата канцеларија на Илинденска бб.

Паничните реакции на главата на октоподот и обидите за цензурирање на медиумите нема да успеат. Македонската јавност го гледа криминалното лице на Зоран Заев. Рускоска по ваквиот исказ на сведокот, најмалку што требала да направи е да го повика Зоран Заев да даде исказ во обвинителството, но наместо тоа Рускоска по стапките на Заев се закани на медиумите кои го објавија овој документ. Со ова Рускоска докажува дека е соучесник во криминалниот октопод на СДСМ.

Правдата ќе биде задоволена, а вистината ќе победи. Деновите на Заев во премиерската фотелја се избројани. Со секоја негова панична изјава, тоне се подлабоко и подлабоко.

 

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...