Мицкоски: Овој воз на власта има карта во еден правец и нема назад, доаѓа обнова на Македонија

Наместо борба против криминалот, гледаме дека Владата се занимава со тужби против новинари и медиуми, а Македонија продолжува тоне. Додека Фрики, Кики, Шеки глумат навредени од вистината, а нивни блиски најавуваат апсења, колку да потврдат уште еднаш дека криминалниот октопод е разнишан и некако мора да се брани, вистинските прашања остануваат неодговорени, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-На пример Рускоска да одговори дали информациите кои се темелат на записникот кој го објавија медиумите се вистинити? Ако се вистинити тогаш дали е точно тврдењето дека лично Заев дал информација и предупредување до сега осомничените дека се пријавени за Рекет? Дали Заев е помагател во Рекет, и дали ова не е одмотување на клопчето кое треба да не одведе до главата на октоподот, инспираторот и нарачаталот? Да не се заборави прашањето каде заврши куферот од 1 милион евра? Зарем некој верува дека Јанева која се сомничи дека ја завршила главната работа во случајот Рекет, во кој се обиделе да изнудат 8 милиони евра, завршила со корист изразена во мебел од 5 илјади евра? Зошто за премиерот и неговата свита медиумите се непријатели и ги тужат, а не велат ништо на пример за сопругот на еден нивен функционер кој така лаконски најавува апсења во стилот “државата тоа сум јас”? Зошто на премиерот Заев му сметаат вестите поврзани за Рекет во медиумите, а на пример не му сметаат невистините кои ги кажуваат секојдневно на прес конференции од неговата партија, оцрнуваат луѓе, конструираат, манипулираат, пишува Мицкокси на Фејсбук и додава:

„Сите овие напади ја навредуваат интелегенцијата на народот. И додека ова се случува тонењето на земјата нема крај. Нема ниту еден Македонски универзитет во 1000 најдобри во Светот. Одговорот на младите на крими куфер политиката е подготвен куфер за одење надвор и напуштање на земјава. Дојдовме дотаму за пензионерите да има само 36 денари повисока пензија, а за главата на октоподот 1 милион евра куфер полн пари да бидат малку затоа што криминалци има многу па треба и многу куфери за да тие станат среќни. Македонија падна на листата на Financial Times, нема инвестиции, земјоделците се незадоволни, сиромаштијата расте…

Овој воз на власта има карта во еден правец и нема назад. Обновата доаѓа и не само обнова на разрушеното, туку обнова на вредности и принципи, на идеја, идеологија и верување. Зошто само така Македонија ќе оди вистински напред.

Месеци ја делат Македонија од вистинска #ОбноваНаМакедонија, да покажеме дека веќе нема место за повластена политичка каста туку за политичари кои ќе служат на граѓаните и Македонија, а тие кои се огрешиле пред законот и се посрамотиле пред граѓаните да понесат одговорност!“.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...