Одговор на новинарски прашања на Игор Николов, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање, новинар:Дали вие како партија ќе покренете постапка против тие што според вас се вмешани?

-Видете ние покренуваме во континуитет политички активности со кој што бараме одговорност на овие функционери, како партија не  можеме да спроведуваме истражни мерки. Повикуваме, го повикуваме обвинителството во континуитет да поведе постапка да ја процедурира постапката, да ги испита сите активности кои што се прават и кои што се прават во врска со ова заради тоа што граѓаните на државата бараат односно заслужуваат одговори зошто повеќе во јавното здравство детска кардио хирургија не се изведува.

Прашање, новинар: Господнине Николов дали имате информација до каде е набавката за стерилизација со оглед на фактот дека Министерството за здравство веќе подолго време молчи за тоа?

-Вака беше најавувано  повторно проект јавно приватно партнерство и тоа јавно приватно партнерство за стерилизација.  Ние како партија во еден наврат или во повеќе наврати најавуваме дека станува збор за една постапка која што не е доволно транспарентна.  Деновиве имаме информации дека е донесена одлука, но целата процедура воопшто не беше спроведена транспарентно целата процедура е ставена под знак прашалник и би апелирале и до оние кои што ја донеле одлуката и до оние кој што сметаат да бидат дел од некаков јавно приватно партнерство кое што гледаме како кула од карти им се распаѓа односно не се менаџира и не се спроведува како што треба да бидат внимателни заради тоа што кога партијата ќе се врати на власт истражните органи ќе ги повикаме да ја одредат и да ја потврдат веродостојноста и целокупното спроведување на оваа процедура.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...