Одговор на новинарски прашања на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Новинар прашање: Обвинителството излезе со соопштение дека откривањето на доверливи информации може да ги загрози животите на инволвираните лица во истрагата, може да доведе до опасност за текот на истрагата, како би го коментирале ова?

 

-Јас вака би рекол. Да не забораваме дека обвинителството четири месеци ја доцнеше истрагата, цели четири месеци остави простор Катица Јанева да форматира, да брише компјутери, да брише траги, докази итн. Така да единствено што може да го загрози целиот случај, односно да му даде ветер во грб на Зоран Заев е тоа доколку истрагата не се врши поекспедитивно и попрофесионално, а тоа е како што рековме да не застане само на овие тројца кои што се во притвор, туку да се истражат сите ама баш сите инволвирани и нормално што побрзо да се повика на распит секој еден кој што е вмешан во целиот случај, вклучително и Зоран Заев за кој што слушнавме и видовме дека е еден од луѓето кои што позадински управувал со Рекетот.

 

Новинар прашање: Има ли договор со власта за новиот Закон за обвинителство, бидејќи законот е ставен во вторник?

 

-Видете ние веќе еднаш кажавме, работните групи го тераат процесот на преговарање во однос на Законот за јавно обвинителство, ние веќе предложивме кои се нашите параметри на новиот Закон кој што треба да биде неселективен, во спротивно во однос на СЈО, би можеле само да порачаме да се истражи секоја една инволвираност и секоја една замешаност на сите вработени во СЈО за дури потоа да може да се размислува што со тие луѓе понатака кои што во моментов работат, дали како обвинители, истражители и се останато во обвинителството?

 

Новинар прашање: Дали поради овој мега скандал ќе побарате доверба од владата, оставка од владата, мислам во парламентот, дали ќе покренете некоја иницијатива.

 

-Најпрвин сакаме да оставиме простор на обвинителството да ја забрза истрагата да не ја води како досега, да го расчисти целиот случај и да доведе до самиот крај. Да видиме дали ќе ја истера правилно под притисок на јавноста, бидејќи како што знаеме ова судство и обвинителство е под палката на Зоран Заев, но притисокот од јавноста и од страна на партиите е многу поголемо и од сите меѓународните фактори да се разреши целиот случај во детали. Доколку не се разреши и доколку се обиде да се забошоти, секој еден инволвиран да се отргне од истрагата за сметка на тројца кои што се притворени, веднаш потоа ќе излеземе со нашите следни чекори кои ќе бидат и како ќе бидат во блиска иднина.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...