Марин продолжува да дава решенија за градба на згради и покрај тоа што Уставниот суд ја прифати иницијативата на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Интегрален текст од изјава за медиуми на Пане Антовски, координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Аеродром

Почитувани граѓани на Општина Аеродром,

Ова е локацијата за којашто Златко Марин, градоначалникот на Општина Аеродром издава решенија за градби на згради и покрај тоа што на 13ти Март 2019 година Уставниот суд донесе Решение дека се прифаќа иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на ДУП за градска четврт И17 блок 17.02 поднесена од страна на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата на Општина Аеродром.

Го прашуваме градоначалникот Златко Марин дали го заборави предизборното ветување дадено на граѓаните на општина Аеродром во неговата програма дека ќе направи ревизија на ДУП-овите со цел да се намали градежната експанзија посебно во урбаното градско јадро или целта му беше да ги измами граѓаните со лажни ветувања и да се дограби до власт.

Со оваа постапка Златко Марин покажува дека личните интереси се пред интересите на граѓаните на општина Аеродром и дека нема цел да ја намали градежната експанзија во општина Аеродром, туку напротив да ја интензивира

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...