Македонските граѓанини се жртва на рекетарско криминалната банда предводена од аболицираниот Зоран Заев

Соопштение до јавноста 

Смешно и жално е што после четири месеци од добивање на сите докази за случајот Рекет, Заев дозволи УЈП да влезе во контрола на невладините организации на Боки 13. Уште потрагично е што ова го претставуваат како успех, а не капитулација на правната држава. Досега пред обвинител требаше да бидат изведени и Кики и Фрики и Шеки, а нивните сметки да бидат прочешлани. Тоа ќе беше така доколку Зоран Заев беше чист и не беше главата на октоподот.

Македонските граѓанини се жртва на рекетарско криминалната банда предводена од аболицираниот Зоран Заев. Веќе трета година македонските граѓани ја плаќаат највисоката цена за бандитизмот на оваа криминална власт.

Правдата во Македонија е мисловна именка од денот кога Заев седна во премиерската фотелја и го стави под целосна контрола правосудниот систем во државата. Политичкиот прогон, тероризирањето на политичките неистомисленици и рекетот станаа секојдневние за кое најзаслужна беше десната рака на Заев, Катица Јанева.

Апсењето на Јанева не ја задоволува правдата во случајот Рекет. Рускоска и Јовевски наместо да стигнат до главата на октоподот тие исекоа еден од неговите пипци, со единствена цел да не се октрие кој е на чело на оваа рекететарска операција, да не се открие дека зас цел овој криминал и корупција стои Зоран Заев.

Никој во Македонија не верува дека Заев не е инволвиран во најголемата криминална афера во историјата на Република Македонија. Никој жив во нашата држава не верува дека Заев кој е три пати амнестиран за тежок криминал не е на чело на октоподот.

Правдата ќе биде задоволена кога Заев ќе замине во политичка пензија. Правната држава ќе се врати кога оваа криминална банда ќе ја напушти Илинденска бб. Само тогаш целосно ќе се расчисти најголемата криминална афера во македонската историја.

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...