Нема да се дозволи уште еден рекетар како Катица да биде заменет со “ново дете”, послушник на Заев

Не постојат законски пречки да се именува в.д. Специјален обвинител – изјави Зоран Заев.

Епа постојат … и те како постојат, само што Заев не ги знае, а тие правници околу него сигурен сум дека не му ги кажуват, во спротивно можат да си ги искинат дипломите!

Прво, самата постапка за разрешување е во “најмала рака” долга и комлицирана.
ЈО треба да подготви Известување до Советот на јавни обвинители дека е покрената кривична постапка против Катица Јанева, по што Советот подготвува писмен Извештај за основите за разрешување кој го доставува до Комисијата за избори и именувања во Собранието на РМ, а оваа Комисија доставува предлог на пленарна седница на Собранието на РМ за разрешување, каде што се разрешува со двотретинско и бадентерово мнозинство.
Е после се ова, Советот на јавни обвинители носи Одлука за разрешување на Катица Јанева.

Второ, Законот за СЈО никаде не уредува, ниту споменува именување, односно избор на в.д. Специјален обвинител, а упатувањето на Законот за ЈО може да го направи само неписмен правник … или некој кој одработува за криминално-рекетарската Влада на Зоран Заев и СДСМ!

Нема да се дозволи еден рекетар како Катица да биде заменет со “ново дете”, исто послушник на Заев.

Или за крај, вака народски кажано: “Дечки нема да ви пројде ова, помирете се – СЈО е компромитирано до коска, до срж! Прочитани сте! Пада Влада!

#Оставка
#ПредвремениПарламентарниИзбори

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...