ДКСК не смее да биде „тампон зона“ алиби за криминалот и корупцијата

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Владата тоне во корупција и во афери. Институциите се политички притиснати и парализирани. Ниту имаат капацитет, ниту имаат храброст, ниту пак волја за да го истражуваат криминалот на власта, мноштвото криминогени – корупциски скандали на државната мафија.

Почитувани,

Нема никаков напредок во расчистувањето во скандалот „Леонардо“ – корупциски скандал од меѓународни димензии, во кој што, според аудио доказите, директно е вмешан Генералниот секретар на државната мафија, Драги Рашковски. ДКСК се уште предметот го држи отворен! Колку време им треба на антикорупционерите во Комисијата за спречување на корупцијата за да едноставно заклучат дека не му е местото на Драги Рашковски да договара средба која компанија да добие тендер, потоа средби среде тендер за тоа какви документи да се дособерат за тендерската документација да се дополни, па средби со компанијата која што е договорено да добие тендер да се договара аванта. Комисијата отвори предмет „по допрен глас“ по правдањата на Драги Рашковски за скандалот, на 4 јули! Од 4 јули до сега изминаа 50 дена, а од Комисијата ниту глас! Зар и ДКСК ќе чека четири месеци за да се зачистат сите докази и сведоци за „Леонардо“?

Почитувани,

Нема никаков напредок ниту за „Тополки“! ДКСК на 9 мај оваа година отвори предмет за Кочо Анѓушев, вицепремиер во државната мафија, за случајот „Тополки“, во кој што директно се вклучени Кочо Анѓушев како вицепремиер и неговиот брат Тодор Анѓушев. Од 9 мај, ден четврток, до овој четврток денеска, 23 август, три ипол месеци, Комисијата има отворен предмет и ама нема никаков резултат. Во меѓувреме насловните страници во медиумите гласат „Браќата Анѓушеви ја убедија владата да им дозволи бизнис“, Владата каде вицепремиер е Кочо на 11 јуни одлучува да им даде 9 илјади квадратни метри државно земјиште на Анѓушеви, во непосредна спогодба, потпишала Радмила Шекеринска, на 21 јуни одлуката се објавува во „Службен весник“, а Комисијата за борба против корупцијата, уште молчи. Нашироко медиумите објавуваат документи дека фирмата „Тополки“ ја управува братот на вицепремиерот Кочо Анѓушев, а е во сопственост на две компании од кои едната „Феро Инвест“ е компанија на Кочо и на брат му Тодор Анѓушев! Ама ДКСК се уште собира докази, или поверојатно не прави ништо, додека и покрај оформениот случај, под нос на Комисијата, државната мафија и во овој случај повеќе од четири месеци си го тера бизнисот.

Почитувани,

ДКСК не смее да биде тампон зона, не смее да биде алиби за криминалот, за корупцијата и за бизнисите на државната мафија. Не смее да презема улога да биде алиби за обвинителите да не реагираат. Уште повеќе, доколку Комисијата сама отвора предмети по сопствени сознанија или допрен глас. Вака ниту има борба со корупцијата, ниту комисијата го оправдува своето постоење. Притисоците кои што ги вршат членови на државната мафија, како настапот на министерот за внатрешни работи пред вратите на Комисијата мора да сопрат, а антикорупционерите мора да си ја сработат работата. Се друго е соучесништво.

Почитувани,

Право, правда и борба со криминалот и корупција не е можна додека државната мафија ја држи власта и институциите кои што треба да се борат за право и правда. На Македонија и се потребни итни избори по кои секој еден случај ќе биде разгледан од независни институции. И ќе има и одговори и ќе има и одговорност!

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...