Трајановски:Избори се единствено решение за излез од политичко-економската криза

Интервју со Коце Трајановски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ за порталот Вечер

1. Две години откако заврши вашиот градоначалнички мандат, дали би можеле да дадете оцена за работата на вашиот наследник?

– Ова е мое прво појавување во јавноста, иако имав доста понуди. Мислев дека сепак на кој и да е градоначалник му треба одредено време за да ја покаже насоката во која ќе се движи.

Гледајќи, можам да оценам дека градот не се движи. Во градот сега нема капитални инвестиции. Се што се прави сега е само тековно одржување или продолжување на веќе започнати работи и проекти. Една година велеше дека нема проекти, а и тие што ги има се неквалитетни, а гледаме дека имало проекти и дека почна да ги реализира токму проектите кои беа направени додека бев градоначалник.

2. Оттука што треба да се направи во градот?

– Во Скопје, на пример, денес имате лошо одржување на хигиена, за што сведочат изјавите на скопјани. Кога дојдов на власт во 2009 година, Комунална хигиена имаше долг повеќе од 5 милиони евра, каснење на плати и само пет возила за собирање на смет постари од 20 години, а градот го оставив со над 100 возила во претпријатието и во добра финансиска состојба.

Како што кажав сега нема капитални инвестиции, се е само тековно одржување. Се што се работи е од проекти кои беа целосно завршени или завршени 70 до 80 проценти. Такви се дел од тековните реконструкции на улиците, и двата булевара за кои оставив проекти, а тоа се булеварот Босна и Херцеговина, булеварот Христијан Тодоровски Карпош – трет дел, за кои  повеќе од година дена велеше дека нема проекти.

Не можам да си објаснам зошто не се завршија и две години стојат проекти кои беа и скоро градежно готови. Тука ќе го споменам на пример булевар Србија заедно со кружниот тек во Кисела Вода и булеварот Христијан Тодоровски Карпош – втор дел.

Исто така, не можам да си објаснам како две години не може да се отстрани куќата на булеварот Трета македонска бригада и конечно да се финализира булеварот. Уште во првата половина на 2017 година година објектот и земјиштето беа запишани во Катастар на Град Скопје и некаде во средината на 2017 година поведовме судска постапка за иселување.

3. Шилегов стана градоначалник со многу сериозни ветувања, мега инфраструктурни проекти, за кои уште тогаш беше знак прашање, дали градот може финансиски да ги издржи ветувањата?

– Шилегов во предизборната трка вети затворање на сообраќајниот голем ринг во Скопје, а тоа е пробивање на булеварот Хрватска кој до сега не бил изграден зошто требало да бидат срушени пет згради во Автокоманда.

Исто така, до ден денес нема ништо ни од булеварот Црногорска од влез на Скопје од Тетово до булеварот Словенија, а половина мандат е поминат. Не гледаме ништо ниту од продолжување на Илинденска кон Волково со мост на реката Вардар во Карпош 4 кој исто така беше едно од клучните ветувања.

4. Загадувањето во Скопје е голем проблем. Во овој контекст не гледаме нови зелени површини, садници, кои на пример во вашиот период чинам беа заседени околу 250 илјади….Како гледате на ова?

– Две години, иако комплетната власт и на локално и на централно е кај СДСМ, не видовме нови мерки,  единствено што видовме од борбата против загадувањето е исклучување на мерните станици.

Борбата со загадувањето не е само на Град Скопје и градот не е тој кој треба да ја сноси целата одговорност за загадувањето. Сепак имаме и министерство за животна средина кое треба комплетно да се посвети и да го реши проблемот со загадувањето каде живее и накголем дел од населението на Македонија.

Не видовме ниту една поголема зелена површина, туку се се сведе на реконструкција на постоечките. Ги охрабрувам да продолжат со засадување на нови, а посебно во блоковското зеленило во населбите.

Мое миселење е дека освен градот Скопје и општините треба да издвојуваат позначајни средства за нови садници.

5. Актуелниот градоначалник најави дека Скопје ќе го направи паметен град(смарт сити). Што мислите за овој проект, и вие како градоначалник работевте на истото?

– Скопје стана паметен град одамна. Јас за тоа имам и потврда. Во 2016 година како градоначакник добив европска награда за развој на мобилноста. Скопје доби втора награда за развој на мобилноста која ја додели мининстерот  за транспорт на Европската унија, Виолета Булц.

Значи, тоа за што Шилегов зборува не е ништо ново. Како што реков проектот го започнав јас. Јас сега го поддржувам Шилегов да го продолжи затоа што тоа е иднинатата на главниот град.

Во овој дел јас го направив Центарот за управување и контрола на сообраќајот истиот тој центар вклучуваше 90 раскрсници со прилагодлива контрола и истиот може, а и треба да се проширува.

Го направивме и Центарот за автоматски смарт тикетинг во Јавното сообраќано претпријатие, направиме џи-пи-ес контрола на сите превозни средства во јавниот превоз. Тоа значи автобусите на ЈСП и што е многу важно и автобусите на приватните превозници. Така да сега граѓаните со една карта можат да се возат во автобусите на ЈСП и во приватните автобуси.

6. Вие бевте и претседател на ЗЕЛС во два мандата, како ја оценувате работат на општините во Македонија?

– Тоа е како лет во место или можеби и две години враќање назад. Едноставно, како да немаме локална самоуправа во Македонија.

Одредени градоначалници имаат одредени показатели. Но, генералната слика според мене е доста незадоволителна, нема инфраструктурни проекти, нема капитални инвестиции…

7. Изминатиов период се наметнаа многу афери, скандали, последен во низата е Рекет…развојот на настаните во овој случај оди бавно. Зошто?

– Рекет е нус производ на нефункционалната држава. Многу е јасно зошто оди така како што оди.

Единствено решение за излез од оваа полилитичка и економска агонија се нови избори. СДСМ потфрли. И иако ја има комплетната власт на сите нивоа не покажа никакви резултати.

8. Ги споменавте парламентарните избори, поточно предвремени, кога може да се случат?

Што побрзо тоа подобро за Република Македонија за конечно да ја вратиме довербата кај граѓаните во правната држава и во системот.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...