Катица Јанева е рекетарот на Зоран Заев

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Катица Јанева и Зоран Заев се лице и опачина на иста паричка која што значи криминал. Катица Јанева е рекетарот на Зоран Заев, а Заев e човекот кој и даде највеќе поддршка и стоеше позади нејзе цело време.

Ниту Заев ќе можеше да се богати и да уценува за политичко влијание без Катица Јанева, ниту пак Катица Јанева ќе можеше да рекетира и исто така да се богати без поддршка на Заев и институциите кои ги контролира тој самиот како и раководството на СДСМ.

Затоа, Катица Јанева четири месеци беше оставена на слобода за да ги исчисти трагите кои водат директно до главата на октоподот, за кој сите знаат кој е тој.

Четири месеци наместо истрага, гледаме фарса. Лошо сценарио, од уште полоши сценаристи кои што го смислиле. Вчера УЈП најави дека од утре ќе почнеле да го истражуваат меѓународниот сојуз на Боки 13 преку кој се вршел еден дел од рекетот.

Што ли правеа УЈП четири месеци, зошто токму од утре почнуваат да истражуваат? Дали беа во спрега и УЈП и Финансова полиција и МВР и сите надлежни институции заедно со рекетарите кои што вршеа рекет? Каде беа овие институции цели 4 месеци откако е почната истражната постапка и зошто не соработувале во истрагата бидејќи нивното влијание во истрагата е многу важно и со сите докази кои што можат да ги обезбедат?

Дали на овој начин им се даде време на осомничените да се скријат сите траги од доказите за целиот криминал и рекет кој што беше на очиглед на целата јавност?

Почитувани,

Во Република Македонија нема ниту правда и нема ни да има се додека е Зоран Заев и СДСМ на чело на власта. Законите не важат за СДСМ и законите не важат за Зоран Заев.

Зошто сеуште не е почната постапка и истрага за синот на Катица Јанева, Лазар Јанев за кој знаеме дека е вработен како маркетинг директор во телевизијата на првоосомничениот и за кој има силни сомнежи дека работел со првоосомничениот во делот на рекетот и заедно со него одел по состаноци во фирми, кои што биле предмет на рекет?

Дали со смешните обвиненија за Катица Јанева за стекнат надомест од 4.500 евра во мебел, а милион ипол бил изрекетиран од бизнисмен, Заев пробува да ја амнестира за рекетот кој го правела во негово име? Класична амнестија и намалување на целата одговорност за криминалот кој што го правел. Нормално тоа не смее и нема да помине.

СДСМ и Зоран Заев се паника. И Заев е подготвен сите да ги жртвува за самиот тој да си ја спаси кожата и да не се стигне до главата на октоподот.

Оваа Влада на СДСМ и Зоран Заев повеќе немаат кредибилитет да ја водат Владата на Република Македонија и да одговараат за иднината на граѓаните и државата.

Потребни се предвремени парламентарни избори и потребна е обнова на Македонија која многу брзо ќе се случи по падот на СДСМ.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...