Одговор на новинарско прашање на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Одговор на новинарско прашање на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Јавниот  В.Д. обвинител Љубомир Јовевски најави дека Советот на јавни обвинители ќе назначи В.Д претседател на местото на Катица Јанева, како го коментирате ова со оглед дека постоеше консензус од сите политички партии ?

Одговор: Видете изјавата на прес – конференција на првиот соработник на Зоран Заев, Љубомир Јовески е далеку од сериозна туку е смешна. Законот, законот е прецизен и јасен на кој начин се бира специјален јавен обвинител па дури доколку тој е вршител на должност каков што во моментов треба да биде назначен. Она кое што го сугерираше на прес конференција првиот соработник на Зоран Заев, Љубомир Јовески е само една сугестија и една желба негова и на Зоран Заев да назначат уште еден јавен обвинител , уште еден рекетар кој што во иднина ќе може да продолжи да ги врши сите нарачки и задачи  од главата на октоподот а тоа е Зоран Заев. Значи во моментов не ни е потребен уште еден рекетар на местото на јавното обвинителство туку односно кое што ќе го назначат првиот соработник на Заев Љубомир Јовески и Зоран Заев, туку ни е потребен јавен обвинител на специјалното јавно обвинителство кое што ќе се бира согласно законот за специјално јавно обвинителство кое што е повеќе од јасен и не може првиот соработник на Заев Љубомир Јовески сам да си сугерира како да се избере нов специјален обвинител, нов рекетар кој ќе ја замени Катица Јанева.

 

 

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...