Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром ја напушти седницата и нема да учествува во работа се додека власта и Заев спроведуваат политички прогон врз политички противници

Интегрален текст од изјава за медиуми на Пане Антовски, координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Аеродром

Почитувани,

Како координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата изјавувам дека ние денеска ќе ја напуштиме седницата на Советот и нема да учествуваме во работата на советот се додека власта спроведува политички прогони кон свои политички противници и неистомисленици.

Македонија е единствена држава во демократска Европа која во 21 век во своите затвори има политички затвореници. Притворањето на претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром Дејан Митевски е уште една потврда за политичкиот прогон во нашата држава кој го спроведува Зоран Заев.

Сведоци сме на огромни скандали околу случајот Рекет кој со месеци се развлекува, а неосновано повеќемина членови на ВМРО-ДПМНЕ веќе неколку месеци се во притвор.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги напушта и следните седници на советот на општина Аеродром се додека Дејан Митевски е неосновано обвинет и во притвор во Шутка.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...