Зошто Заев доколку поседува докази не е повикан ниту за сведок, иако според видеата може да биде и осомничен?

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

СЈО и Владата на Зоран Заев немаат веќе никаков кредибилитет. Катица Јанева рекетирала заедно со Бојан Јовановски односно Боки 13, а пола Влада стоела позади нив и им го чувала грбот, вклучително и Зоран Заев, тоа го слушнавме и во видео снимките.

Случајот „Рекет“ ја разоткри најголемата криминална мрежа во Македонија, каде што се вмешани врвот на Владата, пратеници, министри, обвинители, исто така и истражители. Сите се дел од мрежа преку која рекетирале милиони евра и уценувале политички неистомисленици.

Зоран Заев во својата изјава кога кажа дека нема намера неговата влада да ја бутнат криминалци и суетни новинари, тој самиот за Катица Јанева изјави дека правела идиотски постапки, согласно доказите што тој ги имал.

Потенцирам, Зоран Заев имал докази во врска со случајот „Рекет“ и изјавува дека Катица Јанева правела идиотски постапки.

Како е можно Премиерот на државата кој не треба да се меша во судската власт да поседува докази кога и тој самиот може да биде осомничен според видео снимките кои ги виде целата јавност каде што и самиот тој ја споменуван од осомничените?

Какви докази поседува Зоран Заев и за кого поседува докази?

Зошто Заев доколку поседува докази не е повикан ниту за сведок, иако според видеата кои што ги виде целата јавност може да биде и осомничен во целиот случај „Рекет“?

За кои случаеви Зоран Заев има докази, дали можеби за рекетот кон бизнисмените, или пак за рекетот кон зетот на Фијат Цаноски кој можеби платил пари за да му се повлече обвинителен акт или пак можеби за некој нов случај за кој јавноста сеуште не го знае? Иако знаеме дека рекетирани биле десетици бизнисмени и биле земени десетици милиони евра.

Дали Зоран Заев свесно манипулира со доказите и преку своето влијание во Судот сака да се заштити и тој самиот во случајот во кој целата јавност виде дека е вмешан и споменуван во видеата?

Зоран Заев е готов и тој повеќе нема кредибилитет да води влада. Зоран Заев и СДСМ ја уништија Република Македонија и единствено што видовме и гледаме се уште во моментов од нив е криминал, криминал и само криминал.

Потребни се предвремени парламентарни избори што побрзо, за веднаш потоа да се случи обнова на Македонија која што е најпотребна во моментов.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...