Одговор на новинарски прашања на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Одговор на новинарски прашања на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Што се случува со работните групи ќе продолжат да разговараат за текстот на законот за Јавно обвинителство?

Одговор: Не би можел да знам дали ќе се сретнат работните групи кои што преговараат за Законот за ЈО.  Морам да се консултирам па да ви одговорам. Меѓутоа во однос на тоа прашање ние остануваме на нашиот став дека предложивме принципиелен закон кој што треба да биде прифатен од страна на владата односно од министерката Дескоска и Зоран Заев. Доколку им се искрени намерите да конечно се донесе закон кој што е во насока  на правото  и правдата. Доколку не им се искрени намерите, а гледаме дека не им се искрени намерите ќе се обидат да истуркаат закон на сила кој што нема да биде прифатен од ниту една страна.

Прашање: А вие дали го поднесовте како предлог закон?

Одговор: Во моментот работните групи работат на законот, односно преговараат на средбите кои што ги имаа изминатиот период. Се со цел да се дојде до едно заедничко решение кое ќе биде прифатено од сите политички чинители, од целата јавност и од сите институции кои што се релевантни за тој закон. Како што реков се работи на работните групи се со цел да се најде заедничко решение кое што е добро за сите. Доколку не дојде до заедничко решение, понатаму ќе се произнесеме како ќе постапиме по однос на законот за ЈО.

Прашање: Контрадикторен сте затоа што вие велите дека подготвувате ваше законско решение за кое што веројатно и вие говоревте, кои се вашите главни барања, можете ли уште еднаш да ги артикулирате?

Одговор: Нашите главни барања беа јавно изнесени на прес конференција од страна на Претседателот Мицкоски каде што беа истакнати сите оние принципи во однос на СЈО во однос на обвинителите да се вратат во своите матични обвинителства каде што се дојдени, да не можат да скокаат по неколку скалила, туку исто така потенциравме дека во новиот закон треба да има независност финансиска во однос на ЈО. Потенциравме на случаите кои што се отворени после 2017 година после рокот кој што го имаше СЈО, на кој начин да бидат доделени и продолжени. Така што тие се веќе јавни наши барања кои што ги поставивме се со цел да може да се дојде до еден закон каде што нема да биде амнестиран никој и секој кој што направил криминал и се огрешил пред законот ќе одговара. Вклучително во моментот, истото го потенцирам уште еднаш дека со законот кој што беше поднесен од страна ана Зоран Заев, СДСМ и Рената Дескоска тука единствено се бара амнестија и спас за нив самите за сите работи кои што ги прават во моментот, што за нас е неприфатливо по ниту една основа, а нормално и за граѓаните, не само за нас. Затоа уште еднаш апелираме да го прифатат сето она што го побаравме, тоа се принципи на меѓународното право, принципи кои што се добри за владеење на правото во државата и конечно да се донесе закон со кои што ќе биде задоволна јавноста и политичките неистомисленици, меѓутоа и сите оние кои што се огрешиле ќе може да одговараат пред законот.

Прашање: Во меѓувреме дали продолжуваат преговори помеѓу политичките групи за пописот и за Изборниот законик?

Одговор: Како што реков работните групи функционираат, не би можел да ви кажам кога точно имаат агенда за средби за преговори бидејќи како што знаете голем дел од институциите и од луѓето беа на своите годишни одмори. Меѓутоа ние продолжуваме да ги браниме нашите ставови во тие работни групи и да стоиме на нашите ставови кои што јавно ги изнесовме по трите основи односно трите важни закони за преговарање. И тоа Закон за јавно обвинителство, Законот за попис и Изборниот модел кој што во моментов исто така се преговара.

Прашање: Бидејќи сите три прашања кои ги споменавме, премиерот Заев ги најави како можност за лидерска, стојат отворени цело лето, постои ли можност сепак да се препушти лидерите да ги решат?

Одговор: Не би можел во моментов да кажам, како што знаете веќе истите тие прашања по однос на законите се на преговарачката маса, односно се тема на преговори помеѓу трите работни групи, меѓутоа постои секаква можност зависно од тоа што ќе договорат работните групи. Бидејќи тие се клучни, колку таму може да се дојде до некоја средина за подоцна, нормално на таа лидерска средба доколку би се случила да се разговара исто така и за датум на предвремени парламентарни избори.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...