Заев и Костадинов се најблиски соработници со првоосомничениот во „Рекет“

 Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Костадин Костадинов

Зоран Заев и Костадин Костадинов се најблиски соработници со првоосомничениот во „Рекет“. Тие го измислија, го штитеа и му даваа  поддршка во рекетарските походи. Илјадници сликања, јавни настапи и почесни титули во криминалната невладина сведочат дека Заев, Костадинов и Тредичи се заедно, до гуша во криминалот.

СДСМ треба да погледне во сопствените редови и ќе види фотографии од цела влада, сите градоначалници и половина СДСМ со осомничените за „Рекет“. И не само фотографии, туку и меморандуми за соработка со Меѓународниот сојуз на Боки Тредичи преку кој очигледно биле перени парите од рекетот.

СДСМ наместо да ја дефокусира јавноста треба да одговори, дали се вистините написите во медиумите дека чантата со рекетот преку ГПС уред е регистрирана во владата.

Каде и кај кого се завршувале милионите од рекетот кој Боки 13 и Зоки Кичеец го вршеле, кој без СЈО и Зоран Заев воопшто и не би бил можен.

Време е за одговори и одговорност. Време е за предвремени парламентарни избори и обнова на Македонија.

 

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...