Истрагата за најголемата криминална афера во модерната македонска историја е компромитирана

Соопштение до јавноста

Истрагата за најголемата криминална афера во модерната македонска историја е компромитирана! Сите индиции велат дека во криминалниот октопод се вмешани лица од највисоките ешалони на извршната и судската власт, кои во изминатиот месец имаа доволно време на располагање да влијаат на истрагата и сведоците во случајот „Рекет“.

Очигледно е дека Русковска работи на тоа аболицираниот Зоран Заев и неговата криминална банда да бидат амнестирани. Русковска изминатиот месец стори се за главата на криминалниот октопод, Зоран Заев да биде ослободен од вина за милионскиот рекет.

Заев знае дека е виновен, знае дека времето на неговото криминално владеење е завршено и токму поради тоа е во паника. Тој напаѓа новинари и јавно ги навредува неговите довчерашни најблиски соработници, а цело ова време Русковска и Јовевски чекаат негова команда, кој следен чекор да го преземат.

Судот и обвинителството мора да се ослободат од стегите на власта и да постапат согласно нивната законска обврска. Судот и обвинителството наместо да го штитат мора да започнат да го гонат криминалот, во спротивно стануваат соучесници во криминалот и еден ден и самите ќе одговараат за тоа што го сториле.

Македонија веќе трета година е заложник на аболицираниот криминалец, Зоран Заев и неговата криминална банда. Македонските граѓаните веќе трета година се жртви на криминалниот тоталитарен режим на чело со Заев. Се ближи крајот на криминалната банда, секој еден кој се огрешил пред законот  ќе одговара. Како што Заев милува да каже, најтешката казна во Македонија е затворот, кој сторил криминал ќе си го одлежи своето. Зоране време е ти да си одлежиш своето!

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...