Заев да прекине да се заканува кон новинарите и медиумите

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Вчерашната изјава на Зоран Заев точно ја отсликува психичката состојба во која тој се наоѓа и воопшто не е наивна. Зоран Заев е очаен и нервозен, и тоа можеше да се види многу јасно. Зоран го губи тлото под нозете и веќе не е во состојба да одлучува за иднината на граѓаните и нашата држава Република Македонија.

Зоран Заев во очајна состојба, каде што по изгледот и заканите наликуваше на шеф на мафијашка банда, а не на премиер на држава, вчера се закани дека по ниедна цена нема намера да ја пушти власта и да си замине.

Зоран Заев, вчера се закани и кон медиумите и кон сите останати оние кои што имаат намера да ги изнесуваат на виделина сите негови криминалии и криминалиите на неговото раководство, за кои што подоцна ќе треба истите тие да сносат одговорност за се она што го правеле изминатиов период.

Самиот Заев кој е вмешан во целата оваа криминално – рекетарска мрежа, потврди дека нема намера да дозволи да го симнат од власт оние со кои што шурувал и соработувал изминатиот период и без да бира средства, ќе се обиде да го заташка целиот случај за милионскиот рекет. Што нормално не смее да се случи.

Да сакаше Заев да се реши случајот немаше да ги штити неговите блиски од раководството кои се директно вмешани во целиот случај.Додека Заев се заканува кон граѓаните, Катица Јанева сеуште не е повикана на распит во обвинителството и е на слобода наместо во притвор.

Нервозата и очајот кај Заев покажуваат дека и тој самиот е вознемирен за целиот случај кој е обелоденет и кој го покажа неговото право лице по 100-ти пат и е свесен дека после ова нема назад. После вчерашната изјава само уште еднаш се потврди дека позади притворените во случајот „Рекет“ стојат челните лица на СДСМ и Владата, односно стои позади нив Зоран Заев.

Ја осудуваме неговата изјава и му порачуваме да прекине да се заканува кон новинарите и медиумите, да прекине да врши притисок врз граѓаните да бидат слепи на неговиот криминал и да си даде оставка што побрзо, затоа што неговиот кредибилитет во моментов е помалку и од нулата. Никој повеќе не го сфаќа сериозно.

Затоа, потребни се предвремени парламентарни избори, на кои граѓаните иако против негова волја како што кажа нема намера да ја пушти власта, ќе го тргнат Заев. И ќе го пратат Зоран Заев и СДСМ во историјата.

Почитувани,

Следува веднаш после предвремените парламентарни избори обнова на Македонија и тоа следува многу брзо.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...