Одговори на новинарски прашања на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Одговори на новинарски прашања на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Рековте дека ја осудувате заканата кон новинарите и кон граѓаните, но дали осудувате навредата кон ЛГБТ?

Одговор: Веќе имавме соопштение со осуда во текот на вчерашниот ден, после неговата изјава и таму во соопштението убаво пишуваше дека ја осудуваме неговата изјава и дека таква изјава со таков гнев и агресија може само да каже лице кое што изминатиот период било во блиски контакти со истите.

Прашање: Владејачката СДСМ вели дека вашата реакција е лицемерна бидејќи во минатото додека беше ВМРО-ДПМНЕ на власт затвораше медиуми, згаснуваше медиуми или притвораше новинари, и се однесуваше кон ЛГБТ заедницата поинаку.

Одговор: Видете, лицемерно е Зоран Заев и СДСМ да зборуваат за се останато, за се она кое што во моментов се случува да го  дефокусираат. Во моментов сме на средина на случај каде што целата Влада стои позади милионски рекет кој што ќе треба да се истражи меѓутоа не на ваков начин. Во моментов гледаме дека милионскиот случај „Рекет“ на секој можен начин се обидува медиумски со изјави, со притисоци да се дефокусира од вистинските луѓе кои што се инволвирани. Гледаме дека Катица Јанева се уште не е повикана на распит во Обвинителството и да даде изјава. Така да, лицемерно е да се зборува за сузбивање на криминал и корупција, да се зборува за борба против корупција, а да не се повикаат инволвираните и сите оние кои што се споменати во оние снимки кои што излегоа на распит на во Обвинителството. Овој случај да се заврши што побрзо.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...