Одговор на новинарско прашање на Цветан Трипуновски – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Имаме прашање, на прес конференцијата во врска со антракс, директорот објасни дека во 22 дистрикти во земјава, населени места, антраксот постои со децении. Ве обвинуваат за ширење на шпекулации и невистинити.

Одговор: Видете вака, точно е дека во 22 подрачја во Република Македонија се жаришта на претходни жаришта на антракс меѓутоа согласно годишната наредба која што ја носи самата агенција за храна и ветеринарство има обврска секоја година да врши превентивно вакцинирање на добитокот во тие подрачја. Ако вакцинирањето во 2018 било на крајот на мај месец тоа значи дека оваа година на крајот на мај морало повторно да има вакцинирање. Денеска сме август тоа се пролонгирање на четири месеци. Замислете без превентива 4 месеци во тие 22 подрачја постои сериозна опасност да се појави антраксот. Антраксот е болест која се пренесува на луѓето, во многу случаеви знае да биде и летален. Затоа овој несериозен однос и не одговор со бледи  прес конференции од страна на директорот е крајно несериозен однос спрема македонската јавност и граѓаните.

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...