Одговор на новинарско прашање на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Одговор на новинарско прашање на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Прашање: Како ја оценувате вчерашната одлука на за формирање на посебно тело за борба со криминалот и корупцијата?
Одговор: Срамно не влада после три години во време кога се стега обрачот околу премиерот и неговите најблиски соработници во еден најкоруптивен случај наречен рекет да формира сега тело, внимавајте влада со сите институции со сите органи за испитување за репресии и сите институции за заштита на правото и правниот систем по три години власт формира тело за борба против корупцијата и криминалот. Прашањето е али досега не функционирале и како истите оние луѓе кои што се споменуваат можеби под псевдонимите Кики, Фрики, Коки, Зоки, Шеки, сега ќе координираат тело за борба против криминалот и корупцијата. Ова е уште една маска и уште еден прав во очите на јавноста само и само за да се заташка истрагата за случајот рекет.